Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Нов Зеланд може да биде исклучен од “Five Eyes”

Нов Зеланд може да биде исклучен од “Five Eyes”

Нов Зеланд се соочува со заканата да биде исклучен од членството во групата „Five Eyes„ ( Пет Очи) и повеке да не добива доверливи разузнавачки податоци од другите четири членки- САД, Велика Британија, Канада и Австралија- поради откриената длабока инволвираност на кинеската Комунистичка партија во новозеландската политика, пишуваат австралиските медиуми.

Медиумите откриваат дека била направена анализа за безбедносната ситуација во Нов Зеланд , во која се заклучува дека КП на Кина има голема моќ и влијание во источниот сосед на Австралија и за тоа се обвинува актуелната влада на левичарскиот премиер Џасинда Ардерн. Разузнавачки експерти сметаат дека исклучувањето на Нов Зеланд од оваа безбедносна група, станува неопходно поради сигурноста на другите земји-членки и затоа што владата во Велингтон  одбива да прифати дека постои кинеско мешање во домашните политички состојби.

Еден таен материјал на австралиската влада, на кој се повикуваат медиумите во Сиднеј, покажува дека било разоткриено силното влијание на кинеската КП во , како што се вели, сите нивоа на новозеландската политика.

Австралија и Нов Зеланд имаат одржано повеќе разговори околу кинеското инволвирање, но сегашниот премиер Ардерн, како и нејзиниот претходник Бил Инглиш, упорно инсистираат дека „не постои кинеска закана„  за домашната политика.

Кинеското влијание оди преку една , во Нов Зеланд, влијателна организација- наречена Обединет Фронт (АРМ) – а еден од главните финансисери и донатори на партијата на Ардерн е тесно поврзан со овој Фронт. Тоа значи дека Кинезите се навлезени, директно, во самиот врв на новозеландската државна политика. Откриено е дека навлегувањето на Кина , најчесто, се шири преку влијателни личности во локалната, инаку бројна кинеска етничка заедница, на која домашните политичари настојуваат максимално да и се доближат,  поради потребата на нивните гласови на избори , од што произлегува дека тие самите се врзуваат за кинеската КП.

Регистрирани се случаи , новинари и истражувачи, да добиваат закани, да им бидат украдени компјутерите или флеш-драјвовите, па дури и да  бидат нападнати, затоа што ја истражувале или пишувале за оваа состојба во Нов Зеланд.

Групата „Пет Очи„ е разузнавачка алијанса на овие пет држави кои рутински разменуваат доверливи и чувствителни информации, уште од 1955 година.

Австралија од своја страна, интензивно работи за да ги блокира ваквите состојби на својата територија. Определени се мерки за пресметка со странската шпионажа, против примањето странски донации за политичките парти, како и против мешањето од надвор, во домашните политички состојби.

(Г.И.)

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе