Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Џорџ Сорос заговара втор референдум за Брегзит

Џорџ Сорос заговара втор референдум за Брегзит

Американскиот финансиер, милијардер и филантроп Џорџ Сорос  смета дека Велика Британија треба да остане во ЕУ, но и дека е неопходно на Британците да им се овозможи , уште еднаш на референдум, да одлучат што сакаат во врска со европското прашање.

Овој анти-Брегзит Американец, инаку Евреин од Унгарија, веке има покренато кампања , озаглавена како „Најдоброто за Британија„ – за да се убедат Британците да се запре започнатиот процес за напуштање на ЕУ.

Сорос проценува дека „разводот„ на Британија со ЕУ ке биде долг процес што ке трае најмалку пет години,  дека ке биде тежок и неизвесен по својата суштина, како и дека економскиот „пакет„ а тоа е заканата за британскиот финански сектор, е најсилниот адут за кампањата за останување во ЕУ, затоа што според него,  тоа претставува најдобра опција за Британија.

Целта на кампањата е да се натераат пратениците во британскиот Парламент да гласаат за организирање на уште еден референдум, во врска со крајниот договор околу Брегзит на Лондон и Брисел, што се очекува да биде направен на есен, оваа година. Но во исто време, кампањата што ја покренува Сорос има за цел да ги убеди гласачите од редовите на оние кои беа за излегување од ЕУ, да го променат своето мислење.

Во јуни 2016 година, на тогашниот референдум, 52 отсто од Британците гласаа за напуштање, додека другите 48 отсто, се определија за останувае на земјата во ЕУ. Две години подоцна, односот на силите не е битно променет и Британија останува уште повеќе длабоко поделена земја околу прашањето за нејзниот иден статус во Европа. И понатаму  се брани единствениот  „адут„ на британската десница, сместена во и околу Конзервативната партија и нејзината антиевропска пропаганда, а тоа е плашењето на лугето од „напливот мигранти„ од државите од Источна и Југоисточна Европа, сега чланки на ЕУ. Подршка за  опстојувањето на британските  „Брегзитери„ ( најжестоките анти-ЕУ активисти) врз оваа основа, се бара и се наоѓа во антимигрантската политика на политичари во ЕУ, од типот на Унгарецот Виктор Орбан, во тврдата националистичка политика на полската влада и во изборните успеси на крајната десница на изборите во Австрија, Германија и Италија.

Британскиот премиер Тереза Меј, меѓутоа, е решена Британија да излезе од ЕУ, од заедничкиот европски пазар и од царинската унија. Според планот на Лондон, тоа треба да се случи за околу девет месеци, на 29 март следната година.

Но политичката ситуација во Британија и натаму останува конфузна околу Брегзит, засега без видлив знак за тоа каков ке биде излезот и каков дил всушност сакаат Британците да постигнат со Брисел, пред да си заминат од Унијата. Владата на Меј е длабоко поделена околу тоа дали земјата да остане во царинската унија и на единствениот пазар, особено што британскиот бизинис, финанскиот сектор и централната Банка на Англија, повекепати предупредуваат на можните тешки последици за домашната економија, особено за финанскиот сектор и за инвестициите, доколку Британија хаотично и без договор излезе од ЕУ. Отворено и проблематично останува и прашањето за  статусот на грамицата меѓу Република Ирска и британската покраина Северна Ирска, каде постои единственат копнена граница на земјата со ЕУ. Политичката состојба се усложнува и со конфузната политика околу Брегзит на опозициските лабуристи , нивната поделеност околу политиката што ја води левичарскиот лидер Џереми Корбин, кога бо британската јавност го обвинуваат за успехот на антиевропските сили на првиот референдум.

Во текота на својата сегашна кампања, Сорос  сугерира и „неопходност од трансформирање„ на самата ЕУ, посочувајќи дека заканата не доаѓа само од Брегзит, туку и од други прашања, што се појавија по 2015 година и големиот наплив на бегалци и мигранти од Блискиот Исток, Средна Азија и Африка. Граѓаните на ЕУ , посебно младите, се гневни на политичарите што Унијата не ги заштитила од имигрантите , кои ги обвинуваат дека им ги одземаат работните места.

Сорос смета дека Брегзит, во секој случај е заканувачки процес, како за Британија, така и за ЕУ, предупредувајќи дека Унијата сега се соочува со „егзистенцијална криза„ на неколку фронтови. Во оваа прилика, тој сугерира ЕУ д се трасформира во неква „асоцијација на држави„ , во која земји, каква што е Британија, би сакале да се приклучат , но засега не елаборира понатаму за каква асоцијација станува збор.

Џорџ Сорос во британската јавност , а посебно во деловниот свет, најмногу е познат како „човекот што ја кутна Банката на Англија„ , откако со повеке финански трансакции, во 1992 година, предизвика девалвација на фунтата и излегување на Британија од тогашниот европски механизам на курсевите на девизите.

Неговата сегашна анти-Брегзит кампања и заложбата за зацврснување на ЕУ, доаѓа во време кога кулминира пресметката на десничарот и националист Виктор Орбан, со демократските и либералните гледања на Сорос, неговата фондација Отворено општетство и Европскиот универзитет (познат како Сорос Универзитет) во Будимпешта. Унгарскиот премиер Орбан се пресметува со човекот кој му има помогнато (со пари) да го докомплетира своето образование на Запад, по падот на комунизмот во неговата земја. Но сега, унгарскиот десничарски политичар  создаде дури и посебен т. н. „анти Сорос„ закон , затоа што тој и неговата фондација за унапредување на демократијата, заговараат Унгарија да прими кај себе еден дел од мигрантите и бегалците кои навлегоа во Европа.

Сорос целосно се повлекува од Унгарија, по четврт век помагање на неговата некогашна татковина, во некоја од демократските земји, каде не се загрозени правата и  дејствувањето на граѓанскиот и невладиниот сектор, а Орбан останува да војува со либерална Европа, уверувајќи ги  Унгарците дека тој е всушност „чувар на ЕУ„ како и дека е „заштитник на европското христијанство„ .

 

(Т.И.)

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе