Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Поранешен плејбој стана премиер на Пакистан

Поранешен плејбој стана премиер на Пакистан

Поранешната ѕвезда на крикетот, плејбој и припадник на некогашното друштво на познати посетители на ноќните клубови во Лондон, Имран Кан (65) стана премиер на Пакистан. Тој и неговата партија ПТИ , на изборите во јули освоија најмногу гласови во оваа конзервативна муслиманска земја, но за да стане премиер и да формира влада, на Кан му беа потребни гласовите и подршката од неколку помали партии во Парламентот.

Веднаш по инаугурацијата, тој изјави дека главната цел ке му биде опоравувањето на домашната економија , средување на финансиите на земјата и борбата со корупцијата и со корумпираните политичари, за да се врати довербата на младите.

До премиерската функција, Кан доаѓа по 22 години политичка борба и периоди на искачување и падови во пакистанската политика. На овие избори тој , за прв пат, беше фаворит, затоа што ја имаше подршката на воените кругови , но и затоа што неговиот претходник, Наваз Шариф, поранешен лидер на Муслиманската лига,  беше трајно истеран од политиката, со одлука на Врховниот суд, откако се откри за тајните зделки на неговата сопруга и децата, со купување станови во Лондон и Британија, во време додека беше премиер. Тој долго време ги отфрлаше обвинувањата од опозицијата и од медиумите, прво, инсистирајќи дека се „политички мотивирани„ а подоцна, дека ништо не знаел.

Кан е еден од ретките цивили-политичари кој се искачиле до премиерската функција во оваа земја, каде во нејзините 70 години  независност, војската и генералите , почесто биле во власта, како политичари. Во 1992 година, Кан како капитен на пакистанската репрезентација во крикет, ја освои светската титула со своите соиграчи, но подоцна го напушти спортот, се врати да живее во Пакистан, во Лахоре, од каде потекнува и се сврте кон политиката.

Во 1995 година, на 43 годишна возраст се ожени за богата британска наследничка, од еврејско потекло, 22 години помлада од него. Таа го смени името во Џемима, ја смени  и религијата и стана мајка на две деца, но бракот траше до 2004 година. Во тој период Џемима Кан, се облекуваше во традиционалните пакистански женски облеки. Како припадничка на богатата висока класа во Лондон, Џемима беше блиска пријателка со покојната принцеза Дијана. Британските весници потсетуваат дека токму таа била „стројничката„ која ја потикнувала мајката на идниот британски крал, да ја официјализира тајната љубовна врска со еден пакистански лекар, на работа во Британија, како и дека ја придружувала во тајната посета кај родителите на лекарот во Пакистан, обете облечени во пакистански облеки.

Кан уште на два пати се женел, а неговата сегашна сопруга со која се венчал оваа година, медиумите во неговата земја ја опишуваат како негов важен советник и соработник во годинешнава изборна трка. Кан се школувал во Оксфорд, а за улогата на плејбој во седумдесетите години на 20 век, многу не сака да зборува, освен дека иако многу често  бил во некои ноќен клуб, никогаш се нема напиено било каков алкохол.

Опозициските политичари не му веруваат , а во изборната кампања го обвинуваа и за врски со пакистанските талибанци. Кан тврди дека тој многу често , јавно ги обвинувал талибанците за нивното дејствување, но опозициските медиуми откриваат дека неговата партија, во една прилика, донирала 3,2 милиони американски долари за една медреса во една од одалечените пакистански провинции. Според неговите критичари, верскиот водач на медресата е познат како „ татко на талибанците„.

(К.П.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе