Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Макрон: Француските “Гали” не сакаат промени

palinchak/BigStock.com

Макрон: Француските “Гали” не сакаат промени

Францускиот претседател Емануел Макрон ги налути своите домашни политички противници, откако ги обвини денешните Французи, потомци на некогашните Гали дека се “противат на секакви промени”.

Макрон беше во посета на Данска и во Копенхаген,  мошне пофално зборувал за данскиот економски модел, кој во основа се состои од флексибилен пазар на трудот, комбиниран со широки и великодушни социјални бенифиции. Според медиумите, при тоа тој рекол дека “големите културолошки разлики меѓу лутеранските Данци и француските Гали, би претставувале проблем  за примената на данскиот модел во Франција”.

Тој ја освои довербата на француските гласачи заговарајќи крупни реформи во домашната економија и во општеството, посебно ставајќи акцент на изработка на сосема нов закон за вработување. Таквата негова определба не беше ништо необично, затоа што Макрон уште како (кусо време) министер во владата на неговиот претходник, Франсоа Оланд, не ја криеше амбицијата за преуредување на францускиот пазар на трудот, според  нордискиот модел.

Париските медиуми потсетуваат дека не е прв пат, во текот на некоја посета во странство, претседателот од таму да праќа пораки до домашната сцена и посебно до противниците на реформите во Франција, особено во секторот на работните односи. Во 2017 година, за време на посетата на Романија , Макрон изјавил дека „Франција не е држава која сака да биде реформирана„ потсетувајќи дека „многумина се обиделе тоа да го направат, но им успеало, затоа што Французите мразат реформи„. Подоцна додека бил во Грција, велат дека отишол уште подалеку во своите критики на домашните противници на реформирањето на неговата земја.

Домашната опозиција, од крајната левица, до крајната десница, го критикуваат ваквото однесување на претседателот Макрон, затоа што од странство ги критикува состојбите во Франција. На својата страница на Твитер, Макрон ги отфрлил обвинувањата дека не си ја сака својата земја, како и дека го критикува својот народ, објаснувајќи дека неговите коментари во Копенхаген биле само шега и на нив треба да се гледа само на тој начин.

Ваквата шега, меѓутоа, не им се допаднала и на некои „обични„ Французи кои преку социјалните мрежи му порачале на својот претседател дека името „Гали„ потекнува од Римјаните, како и дека тоа не се однесувало само на денешните Французи, туку и на денешните Белгијанци и Холанѓани. Критичарите кои не прифакаат Французите да се споредуваат со ликовите од стрипот за Астерикс и за Обелиск, сепак, му порачале на Макрон дека Галите биле мошне инвентивни луге и дека Римската Империја имала големи проблеми со нив.

Емануел Макрон уверливо ја освои власта на француските избори во мај 2017 година, иако беше наполно ново лице на француската политичка сцена, без некоја од големите партии зад себе и со минимално искуство во политиката. Тој и неговата влада ветија намалување на невработеноста во Франција од 9,5 на 7 отсто, во период од пет години, односно до крајот на неговиот мандат, во мај 2022 година.

Во неколку наврати досега, меѓутоа,  тој признава дека неговите планови и проекти наидуваат на отпор на домашната политичка сцена, како и во јавноста. Тоа посебно силно се одразува при настојувањето да се протурка новиот закон за вработување. Законот беше пречекан не само со негодување, туку и со масовни протести на левичарските синдикати, со улични немири на десницата и со штрајкови, посебно во сообраќајниот сектор, што неколку денови ја блокираа Франција.

(П.Ф.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе