Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Лула не може пак да биде претседател

Лула не може пак да биде претседател

Поранешниот бразилски претседател, Луиз Инасио Лула да Силва, кој во два, едно по друго мандати, беше шеф на државата, не ќе може да учествува во изборната трка за изборите во октомври оваа година и евентуално, одново, да биде избран на највисоката државна функција, затоа што е осуден за корупција – соопшти Судот во Бразил.

На почетокот на 2018 година, Лула беше изведен на суд и осуден, затоа што учествувал во перење на пари и има примено поткуп од 1,1 милиони американски долари од моќната бразилска градежна компанија ОАС, за да темелно му го реновира неговиот стан за одмор, во едно одморалиште на Атлантикот, кај Сао Паоло. Поранешниот претседател во текот на судењето ги отфрлаше сите обвинувања, бранејќи се дека сите му се „подметнати од политички причини„ за да не може одново да се кандидира за претседател.

Неговите адвокати поднесоа жалби до судовите на повеќе ниво, но не само што тие беа отфрлени, туку по жалбата на Обвинителството, казната за Лула беше зголемена за 2,5 години, па сега 73 годишниот политичар, ќе треба да издржува затворска казна од 12 години.

И покрај ваквиот судски расплет, неговата левичарска, Работничка партија, која не ја прифаќа пресудата на нивниот лидер, го пријави Лула како свој кандидат на изборите следниот месец, објаснувајќи дека тој и натаму е најпопуларниот бразилски политичар. Претставник на партијата ја отфрли како „политички мотивирана„  судската забрана за поранешниот претседател- тој  од затвор  да учествува во изборната кампања и се закани дека ќе се искористат „сите средства„ за да се смени судската забрана за Лула.

Приврзеници на неговата партија излегле на протести во неколку бразилски градови, барајќи „правда за Лула„ и порачувајќи дека поранешниот претседател ќе го бранат самите „ по улиците низ Бразил„  но засега тие не се ни приближно така масовни како што беа кога Лула беше обвинет и кога му се судеше.

Според бразилските закони, никој кој е осуден, за било какво кривично дело, не може да се вклучи во изборниот процес како кандидат, ниту да биде во можност да освои некоја државна функција. „Она што судиите кој пресудија да му се забрани пристап на Лула во изборната кампања, го  бранеа при донесувањето на ваквата одлука- беше одбраната на еднаквоста на сите граѓани на Бразил пред законот и пред Уставот„- изјавил за домашните медиуми еден од судиите.

Лула беше претседател од 2003 до 2011 година. Овој поранешен синдикален функционер и левичар според идеолошките уверувања, стана популарен во Бразил, со своите социјални реформи и со обезбедувањето раст на бразилската економија, но никогаш не успеа ниту тој, а ниту негоата наследничка и сопартијка Дилма Русеф, да се избори со големата корупција. Наместо тоа, уште во текот а неговиот мандат, Бразил се соочи со најголемата корупциска афера во својата историја, поврзана со бразилската нафтена компанија „Петробрас„ а долгата и мачна истрага откри дека многу политичари и државни функционери земале поткуп, вклучувајќи не мал број членови, функционери и министри од Работничката партија.

Кога истрагите на специјалното обвинителство утврдија дека и популарниот Лула бил вклучен во кругот на политичарите кои примале поткуп и помагале при перењето на „валкани пари„ неговите симпатизери и приврзеници, главно левичари и гласачи од пониските и посиромашните слоеви на бразилското општество, кои се офајдија од неговите реформи, одбија да ја прифатат вистината за него и продолжија да го подржуваат. Кога Дилма Русеф мораше да се повлече од претседателската функција, пред истекот на нејзиниот втор мандат, со импичмент,  Работничката партија и самиот Лула, најавија дека на следните редовни избори,  одново ќе се вклучат во изборната трка- за да практично, пензионираниот политичар, уште еднаш се врати како шеф на државата.

Лула кој веќе беше осомничен за корупција, одби да прифати дека е обвинет за тешко кривично дело , па дека мора  трајно да се повлече од политиката, во што се веруваше. Наместо тоа, Лула тврдоглаво настојуваше да остане во политиката и покрај поодминатите години , игнорирајќи ја пресудата и затворската казна. Тоа сега може  да предизвика криза во Бразил и тешка и насилничка предизборна кампања. Една анкета направена минатиот месец покажува дека осудениот Лула и натаму ја има подршката на една третина од гласачите, но она што во оваа ситуација тој треба да направи, е самиот да побара, Работничката партија да ја повлече неговата кандидатура. Требаше тоа да го стори уште пред да почне неговиот судски процес, но излезе дека и на Лула и на партијата поважно им е нивното тврдење дека поранешниот претседател  не е виновен, отколку почитувањето на правниот поредок во Бразил и интересите и угледот на државата.

(Л.А.)

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе