Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Бугарија во ЕУ ја преполови невработеноста

Фото: Anton Chalakov/BigStock.com

Бугарија во ЕУ ја преполови невработеноста

Бугарија безмалку ја има преполовено невработеноста , откако оваа балканска држава, го започна финалниот процес за влез во ЕУ и стана полноправна членка на Унијата, покажуваат податоците на бугарската трговско-индустриска комора, што ги пренесуваат софиските медиуми.

Во последните 13 години, сметајќи до крајот на 2017 година, бројот на невработените е намален дури за 45 отсто. Во 2016 година, на пример, во Бугарија имало 247 илјади невработени, додека во 2003 година, околу 450 илјади луге биле без работа. Минатата година таа бројка продолжила да се намалува , па според податоците на државната статистика, во последниот квартал од 2017 година, земјата влегла со околу 200 илјади невработени, или 5,8 отсто.

Во Софија се истакнува дека ваквиот напредок во овој сектор  мора да се поврзе со евро-атланската интеграција на земјата, што помогна од кризно жариште на Балканот и на Југоистокот на континетот, Бугарија да се трансформира во држава која во регионот е втора по брзото намалување на невработеноста. Само Романија, уште една балканска земја, од поранешниот советски, комунистички блок, има подобри резултати од бугарските. Кај Романците невработеноста на крајот од 2017 година изнесувала 5,2 отсто.

Кај другите земји на Балканот, невработеноста е значително повисока. Врз основа на сознанијата на „Ворлд Икономик Аутлук„ за минатата година- во Србија таа изнесува 17 отсто, во Турција според претходни сознанија, имало околу 11 отсто луге без работа, но се верува дека во изминатата година, а посебно по засилувањето на економската криза, тој процент расте, додека во Грција, се намалува, како што се одвива опоравувањето на земјата и на грчката економија, со обилната интервенција на ЕУ и на еврозоната. Невработеноста, сепак,  останува висока за вредностите и стандардите на Унијата и изнесува нешто под 20 отсто. Во Македонија, невработеноста минатата година изнесувала 23, 2 проценти, но во вториот квартал од оваа година е намалена за 6,2 отсто и сега изнесува 21,1 отсто.

Напредокот на Бугарија во овој сектор , според тамошните експерти, се објаснува со подобрувањето на бизнис климата , но и со недостигот на кадри , што за домашните бизнисмени претставува се поголем проблем.

Најмногу невработени во Бугарија се со средно  и ниско образование, додека кај оние со високо образование  , има 36 илјади  невработени од  регистрираните 200 илјади без работа. Извори на Комората во Софија откриваат дека има не малку луге кои не сакаат да бараат и да најдат работа, иако имаат услови за тоа. Истиот извор посочува и на недостигот на квалифицирани кадри. Најголем недостиг има кај ИТ експертите, машински инженери, луѓе квалифицирани за работа во туризмот и во градежништвото.

Добар дел од овие стручни и квалификувани лица, имаат побарано и најдено работа на европскиот пазар, во другите , побогати земји членки на ЕУ.

Бугарија (заедно со Романија) станаа членки на ЕУ на 1 јануари 2007 година, откако сите други земји од некогашниот источноевропски , комунистички блок, влегоа во Унијата на 1 мај 2004 година. За Бугарија и за Романија беше определен дополнителен период  од уште 2,5 години подготовки, но и двете држави беа вклучени во процесот за пристапување кон ЕУ, заедно со другите, со можност за користење на европските фондови за позабрзан економски и севкупен развој, за да можат да се приближат до стандардите на Унијата.

(Д.С.)

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе