Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Претседателот на Молдавија без дел од овластувањата

Фото: Kremlin.ru/Creative Commons

Претседателот на Молдавија без дел од овластувањата

Уставниот суд на Молдавија укинал дел од овластувањата на претседателот Игор Додон, откако ја прифатил жалбата на владата во Кишењев дека на земјата и се заканува институционална криза.

Суспензијата на овластувањата се однесува на именувањето министри во молдавската влада, а ваквата драстична мерка има привремен карактер. Според соопштението на Уставниот суд, овластувањето да се именуваат владини министри сега им е префрлено на премиерот и на претседателот на Парламентот.

Кризата во односите меѓу претседателот Додон и владата на премиерот Павел Филип била предизвикана по долгото одбивање на претседателот да ги прифати предлозите за именување двајца нови министри и формално да ги именува, за да можат да ги преземат своите функции. Кога претседателот на неколкупати ги одбивал сите досегашни предлози на премиерот, владеачката Демократска партија одлучила да покрене спор против шефот на државата, пред Уставниот суд.

Претседателот остро реагирал на целата постапка и на одлуката на судот.

„Избран сум легитимно од граѓаните на Молдавија, па одлуката на Уставниот суд за суспензија на моите овластувања ја сметам за незаконска„ – рекол Додин во официјалното соопштение од кабинетот на претседателот. Владата , меѓутоа, го објаснува решението  да го тужи претседателот, како сосема оправдано.

На владата и се потребни министрите во секторите за кои беа назначени  и ние не можеме да си дозволиме државата да навлезе во институционална криза

– изјавил за локалните медиуми, претставник на владеачката партија.

Додон беше избран на функцијата со ветување до гласачите дека оваа поранешна советска република ќе ги подобри своите односи со Москва. Тој и претходно, често влегувал во судири со други молдавски државни функционери, посебно околу приближувањето на земјата кон ЕУ.

Молдавија се означува како најсиромашна европска држава, постојано поделена меѓу нејзините европски амбиции и врзаноста за Русија. Во реонот на Придњестровје, покрај самата молдавско- руска граница и населен главно со Руси , од распадот на Советскиот Сојуз и прогласувањето на независноста на земјата, властите во Кишењев , практично, немаат никаква контрола врз овој реон, што како некаква посебна енклава е врзан за Москва.

Во Молдавија, но и во Романија, е засилено движењето за нивното повторно обединување. Активистите на ова движење инсистираат дека не сакаат да останат надвор од ЕУ, како и дека сакаат заедно со „своите романски браќа„  затоа што , како што велат, нив никој не ги прашал кога територијата на денешна Молдавија им била дадена на Сталин и на тогашниот СССР, каде останала како една од 16-те советски републики до неговиот распад.

(Р.М.)

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе