Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Премиерка со бебе во ОН

Фото: Governor-General of New Zealand/Creative Commons

Премиерка со бебе во ОН

Премиерот на Нов Зеланд Џасинда Ардем се појавила со своето три месечно бебе на свечениот собир во ОН, предизвикувајќи најразлични коментари меѓу своите колеги- политичари и дипломатите.

Ардем со својата малечка ќерка присуствувала специјалниот собир во ОН, посветен на 100 годишнината од раѓањето на починатиот јужноафрикански претседател и најпознат борец против апартхајдот Нелсон Мандела, што во Њујорк беше организиран пред почетокот на годинешново, 73-то Генерално собрание на Светската организација.

На собирот се собрале бројни угледни политичари и дипломати од целиот свет, но вниманието, главно, било свртено кон појавувањето на Арден и нејзината тримесечна ќерка која премиерката на Нов Зеланд постојано ја носела во своите раце. Бебето, како и мајката, имале на себе специјални карти- пропусници за влез на собирот. Ќерката на Арден била регистрирана како  „ Првото бебе на Нов Зеланд„.

Според новозеландските весници, во Њујорк и на пригодниот собир бил присутен и сопругот на Арден и татко на бебето, Кларк Гејфорд , но тој изгледа ја имал само улогата да се погрижи за публицитетот на семејната посета на ОН и за информациите кои се појавиле веднаш на интеренет.

Медиумите во Оукленд пишуваат дека гестот на нивниот премиер, мајка од пред три месеци, ги поделил присутните- едни сето тоа го примиле со разбирање и одобрување, а други со негодување.

Новозеланѓаните откриваат дека најмногу изненадување покажале јапонските дипломати, отако во една од просториите на ОН, каде тие редовно навраќале, наеднаш виделе како „мајка менува пелени на бебе„. Некои навестуваат дека премиерката би можела и на седницата на Генералното собрание, да дојде со бебето, што за нив не е само гест на мајка и политичар, туку и порака за јавноста за  нејзините неконвенционални уверувања кои таа секогаш и секаде сака да ги покаже.

Џасинда Арден е првата жена -премиер во Нов Зеланд, а во тамошната јавност  важи за  левичар , според идеолошките уверувања.

(К.И.)

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе