Поврзете се со нас

Skopje Global

Брифинг/Weekly

Дневен Брифинг: Сабота 29 Септември 2018

Фото: palinchak/BigStock.com

Дневен Брифинг: Сабота 29 Септември 2018

Њујорк:

Интеграцијата на Македонија во НАТО не претставува никаква воена закана за Русија, но членството ќе ја ослабне можноста на Кремљ да шири корупциско влијание во регионот, пишува американското списание „Форин Полиси„ во својот напис за референдумот од 30 септември, за името и за членството на оваа држава од Западен Балкан во ЕУ и во Северно-атлансата алијанса. Според весникот, Москва веќе има искористено се што можеше – од олигарси, свештеници и шпиони, до дипломати и политичари, за да организира и финансира противници на историскиот македонско-грчки договор од Преспа и за да му се спротивстави на помирувањето. Со помош на создадените врски, со националистичката влада на претходниот македонски премиер Никола Груевски, Русија во текот на кампањата за референдумот, но уште и од пред тоа, ја има претворено Македонија во цел за спроведување силна, субверзивна пропаганда, за која домашни и странски бебзедносни експерти веруваат дека доаѓа од руската амбасада во Скопје. „Форин Полиси„ потсетува дека слична операција е изведена и во Грција, користејќи делови од тамошната црква, ветерани, политичари , националисти и воени лица. Весникот верува дека ваквите напади ќе продолжат и по референдумот во Македонија, се до имплементацијата на договорот.

Белград:

Српскиот пртседател Александар Вучиќ одново ќе се сретне со Владимир Путин, на 2 октомври, во Москва, соопштено е во Белград. Нема детали за темите за оваа средба, но е речено дека двајцата претседатели нема да даваат никакви изјави по нивните московски разговори. Во Белград се верува дека Косово ќе биде на дневен ред, особено што за косовската ситуација и евентуалниот договор со Србија, косовскиот претседател Хашим Тачи имаше повеќе  средби во Њујорк, на маргините на Генералното собрание, а рускиот шеф  на дипломатијата, Сергеј Лавров кој ја претставува Русија на годинешново собирање на ОН, изјави дека Москва подржува договор меѓу Белград и Приштина, но врз основа на Резолуцијата на ОН 1244.  Претходно, беше најавувана средба Вучиќ- Путин  во средината на септември, пред годинешното Генерално собрание на ОН, но без објаснување , средбата не се одржа. Вучиќ требаше да учествува и во работата на ОН, при што белградските медиуми најавуваа негови средби дури и со американскиот претседател Доналд Трамп, но тој остана во Белград, што се објаснува со неуспехот да се организираат да се организираат средби на највисоко ниво. Српскиот и рускиот преседател се сретнаа во мај, за време на одбележувањето на Денот на победата, а се најавува доаѓање на Путин во Белград, во првата половина на ноември, за одбележување на крајот од Првата светска војна.

Мелбурн:

Припадници на македонските националистички, милитантни групи, се собрале пред Конзулатот на Република Македонија во Мелбурн, во Австралија, за го попречуваат гласањето за референдумот. Тие не им дозволувале на луѓето да влезат во зградата на конзулатот и да гласаат, навредувајеќи ги дека се  „предавници“ штом решиле да го дадат својот глас, но и заканувајќи им се со физички напади и пресметка. Еден таков напад врз гласач во Мелбурн бил снимен и снимката била ставена на интернет. Македонци кои ја ставиле снимката за инцидентите, додавајќи коментари со осуда, брзо забележиле дека некој, се верува од истата националистичка дружина, веднаш ги брише снимките од Фејсбук, заедно со статусот. Лажните македонски патриоти од Австралија, очигледно, не сакаат да има трага за нивното насилство и докази за нивното делување против интересите на државата, за чии интереси, наводно, се борат. Нема никакви сознанија дека персоналот на конзулатот  побарал заштита од австралиската полиција за да се овозможи безбедно гласање. Наместо тоа, соопштиле дека гласањето било завршено- биле пријавени 104 гласачи за референдумот, но само седумина успеале да влезат и да гласаат. Националистите, сите приврзеници на националистичката  ВМРО-ДПМНЕ која во Македонија ги уверува лугето да не гласаат, сите оние седумина од Мелбурн веќе ги „осудиле како предавници кои господ ќе ги казни“ жигосувајќи ги со објавување на  нивните фотографии на интернет.

Лондон:

Поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон , не ја отфрлува можноста да ја предизвика Тереза Меј, актуелен лидер на Конзервативната партија и премиер, за лидерската позиција на која од поодамно претендира, откако предупреди на „политичката и економската катастрофа“ што би настанала, доколку таа заглави со нејзината стратегија за Брегзит. Во интервју за ББЦ, Џонсон одбил да се изјасни за тоа дали ќе покрене барање за смена на Меј. Поранешниот шеф на дипломатијата и едно време силен приврзеник на европеизмот, само рекол дека неговата работа е да зборува за она во што верува. Џонсон поднесе оставка несогласувајќи се со т.н. „план Чекерс“ на премиерот Меј, за излезната стратегија на Британија околу Брегзит. Тој сега заговара „канадска формула“ односно изработка договор за слободна трговија со ЕУ, по углед на оној меѓу Канада и Унијата. Меј, пак, смета дека таквиот план ќе предизвика „распад на Британија“ и инсистира на планот од Чекерес, зад кој стои и владата.

(С.С.Г.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Брифинг/Weekly

Горе