Поврзете се со нас

Skopje Global

Брифинг/Weekly

Дневен брифинг: Вторник 2 октомври 2018 година

Заменик премиерот на Италија, Луиџи ди Мајо. Фото: G.L./BigStock.com

Дневен брифинг: Вторник 2 октомври 2018 година

Заменик премиерот на Италија, Луиџи ди Мајо изјави дека владата во Рим нема намера да се откаже од намерата да го зголеми буџетскиот дефицит и покрај барањето на Европската комисија во Брисел. Италијанската влада објави дека во следните три години, предвидува пресметковен кусок на домашниот БНП за 2,4 отсто. Тоа е три пати повеќе отколку претходната влада. Италијанскиот долг е втор по големина во еврозоната по оној на Грција, од околу 132 отсто. Официјален Рим меѓутоа, соопшти дека никој не размислува за тоа земјата да се повлече од еврозоната и да го напушти еврото. “Ние сме еден од основачите на ЕУ и од оние кои го создадоа еврото, па затоа не станува збор да се повлечеме од таму” – изјавил италијанскиот премиер Џузепе Конти.

Хаг

Меѓународниот суд на правдата пресуди против Боливија, во нејзиниот спор со Чиле, околу излезот на земјата на Тихиот Океан. Владата во Ла Паз сакаше на овој начин да го разреши спорот со Чилеанците кој се провлекува уште од 1884 година, кога дотогашната територија на Боливија, која излегуваше на Пацификот, земјата ја загуби по нејзината војна со Чиле. Судот во Хаг оценил дека Чиле не е обврзан да преговара ( со својот сосед Боливија) за да и даде приод кон Океанот. Расправата во судот траеше пет години. Во својата прва реакција, боливискиот претседател Ево Моралес изјавил дека неговата земја никогаш нема да се предаде. Чиле и Боливија уште од 1979 година имаат ограничени дипломатски односи, само поради овој стар територијален спор.Владата во Ла Паз бара од Чиле да преговара за ова прашање што владата во Сантјаго го одбива. По поразот во војната за Пацификот, Боливија има загубено 120 илјади квадратни километри. Од тогаш оваа јужноамериканска земја е оставена без излез на море. Само Боливија и Парагвај немаат морски брег.

Сараево

БиХ се подготвува да ја тужи Хрватска, пред Меѓународниот суд за поморско право, со седиште во Хамбург. Судот треба да оцени дали со изградбата на Пељешачкиот мост, Хрватска и го загрозува правото на БиХ за излез на море. Висок функционер на федералната влада во Сараево  изјавил за локалните медиуми дека , какво и да биде решението на Судот, босанскохерцеговските власти тоа ќе го прифатат. Во 2007 година, тогашниот состав на Претседателството на БиХ одлучило дека државата нема да дозволи , соседна Хрватска да гради мост преку заливот кај Пељешац, затоа што тоа го загрозува излезот на земјата на Јадранско Море. Владата во Сараево, пред да се гради мостот, бара од властите во Загреб, прво да се согласат за одбележување на поморската граница меѓу двете држави. Хрватската влада, не ја прифаќа одлуката на Претседателството од пред 11 години, тврдејќи дека за такво нешто треба да одлучи Парламентот на БиХ во Сараево.

Копенхаген

Патниците на еден дански траект останаа блокирани во водите на Балтичко Море, откако се расипа еден од моторите на бродот. На траектот „Регина Сивејс„ има вкупно 294 патници кои сега се „заробени“ на морската широчина, но се јавува дека никој од патницте и членовите на екипажот не е повреден. Дефектот настанал кога кога чадот што се појавил , го покренал системот за гасење пожар во просторијата каде се моторите. Сега сите патници се сместени на определни пунктови низ траектот, од каде би можеле да бидат евакуирани, доколку се јави потреба, но во соопштението на компанијата се вели, дека ситуацијата е под контрола и нема причина за  итна евакуација. Не  е позната големината на штетата, во машинското одделение, ниту дали траектот е способен самиот да доплови до некое пристаниште. Бродот патувал меѓу германското пристаниште Кил и литванскиот град Клајпеда.

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Брифинг/Weekly

Горе