Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Живаљевиќ од Скопје префрлен во Сараево?

Фото: bibiphoto/BigStock.com

Живаљевиќ од Скопје префрлен во Сараево?

Поранешниот српски разузнавач Горан Живаљевиќ, кој едно време беше дипломат во амбасадата на Србија во Скопје и околу чија активност во Македонија, изби скандал, па за кратко време ги „запали„ српско-македонските односи, сега е поставен за политички советник во српската амбасада во Сараево, пишуваат медиуми во БиХ.

Тие се повикуваат на свои извори, блиски до тамошните разузнавачки агенции кои тврдат дека Србија ја „наполнила својата сараевска амбасада со шпиони “. Според овие извори, освен Живаљевиќ, за амбасадор бил поставен поранешниот директор на српската разузнавачка служба (БИА) кој на таа должност бил за време на настаните во Македонија за кои е осомничен и неговиот сега поставен политички советник, а во дипломатската мисија бил доведен и доскорешниот раководител на српската жандармерија, елитни  полициски сили во оваа земја. Медиумите кои пишуваат за ова, тврдат дека во БиХ од Србија биле донесени и „други десетина“ оперативци на тајната служба за кои се вели дека биле распоредени во Република Српска. Целата оваа активност, тие ја поврзуваат со претстојните избори во БиХ, предвидени за 7 октомври.

Ваквите откритија на медиумите, засега, не се потврдени, но не се ниту демантирани. Само се потсетува на активностите на Живаљевиќ во Скопје , а пред се, за тоа дека за него се сомнева оти бил замешан  во организирањето напад врз сегашниот македонски премиер Зоран Заев, во времето додека тој се уште бил на чело на опозицијата, иако во време на тешкиот инцидент веќе имало обезбедена коалиција и парламентарно мнозинство.

Во април 2017 година, приврзеници и активисти на партијата ВМРО-ДПМНЕ, нивни пратеници и други лица, од кои некои со сокриени лица, насилно упаднаа во зградата на Парламентот во Скопје, не наоѓајќи на некаков посилен отпор на полицијата. Силите на редот, наместо да го спречат упадот, дозволија агресивната и насилничка толпа да навлезе во зградата и да ги бара пратениците на тогаш, се уште опозициската СДСМ и на нивните колеги од партиите на Албанците во Македонија, за да се пресметува со нив. Без неопходната полициска заштита, лугето од толпата лесно дошле до просторијата каде бил Заев. Тој и сегашниот потпретседател на владата и министер за одбрана Радмила Шекеринска, се нападнети и повредени, а најтешко  поминал лидерот на Алијансата на Албанците, еден од партнерите на сега владеачката коалиција, Зијадин Села, кој за малку не бил линчуван, но тешко повреден, завршил во болница.

Македонските аналитичари и тогаш, а и сега  веруваат дека намерата била да се убие Села, за да подоцна се предизвикаат меѓуетнички судирања во земјата, што би биле изговор, претседателот на државата, набрзина  да воведе вонредна состојба. Во такви услови, на власт би останала дотогашната вмровска влада, а сите проевропски реформи што Заев ги навестуваше, посебно интензивното работење за влез на државата во НАТО и ЕУ, би биле одложени на неопределено време. Според тоа мрачно сценарио, вината ќе требаше да им се прикачи на Заев и на опозицијата, но креаторите на ваквиот план, да останат длабоко во сенка и по тоа, трајно сокриени. Тоа , засега, им успева на сокриените планери, додека насилниците кои фрлаа делови од мебелот кон групата на (тогаш) опозициски пратеници, од власта на заминување беа означени како „уставобранители“ и „чувари на македонската унитарност“.

За тие настани, Живаљевиќ има признаено дека навлегол со толпата во зградата на Парламентот во Скопје и дека останал таму извесно време, но се оправдувал дека бил „ по службена должност“, за да „види дали меѓу напаѓачите има и српски државјани“. Се покажа дека македонското контра-разузнавање го следела Живаљевиќ и ја надгледувала неговата активност , снимајќи ги неговите телефонски разговори. Службата веќе имала уврдено дека српскиот „дипломат“, всушност, отворено работел на „промовирањето на проруската политика„ во Макадонија, со цел – да се попречи влезот на државата во НАТО.

Босанските медиуми потсетуваат дека по избувнувањето на скандалот Горан Живаљевиќ бил итно вратен во Белград, за да не биде протеран и за да побрзо и полесно се забошоти сето тоа што се случувало, но сега тврдат дека еден таков човек, од Србија го враќаат во „дипломатската служба“, овој пат во Сараево.

(Д.С.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе