Поврзете се со нас

Skopje Global

Трендови + Општество

Казни за телефонирање при минување преку улица

Фото: serguastock/BigStock.com

Казни за телефонирање при минување преку улица

Властите во Литванија забранија нивните граѓани да телефонираат додека преминуваат преку улица. Воведена е парична казна за оние кои ќе бидат фатени како разговараат со своите „мобилки“, а според новоусвоениот закон, казната за непридржувањето кон неговите одредби изнесува 40 евра.

Законодавците објаснуваат дека целта на законот е да се намали бројот на жртвите во сообраќајни несреќи на улиците по литванските градови, при што многу често страдале пешаци додека преминуваат преку улица, разговарајќи преку мобилните телефони.

Литванија е третата држава во ЕУ, според бројот на загинати во сообраќајни несреќи. Пред неа се Романија, која е на неславното прво место , а потоа  другата балтичка држава- Летонија.

Ваков сличен пропис има донесено и Хонолулу, главниот град на Хаваите. Но таму забраната е нешто поумерена, па пешаците може да телефонираат додека ги минуваат улиците, но казниво е ако притоа, пишуваат СМС пораки.

Во Македонија, засега, нема вакви прописи, веројатно зашто се уште не сме дел од ЕУ, а сме многу далеку од Хаваите. Овде од мобилките не се одделуваат не само пешаците, на тротоарите и минувајќи ги улиците, туку и возачите и велосипедистите. Многу често може да се забележи како тие возат автомобил (или велосипед) и телефонираат, но не ретко може да се сретнат возачи кои пишуваат или читаат СМС пораки, додека се зад воланите на своите возила.

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Трендови + Општество

Горе