Поврзете се со нас

Skopje Global

Брифинг/Weekly

Дневен Брифинг: Црна Гора предводи на патот кон ЕУ

Fredex/BigStock.com

Дневен Брифинг: Црна Гора предводи на патот кон ЕУ

Црна Гора и Србија, се единствените две држави од  Западен Балкан кои се на патот за полноправно членство во ЕУ, затоа што и двете имаат започнат процес на пристапни преговори, со отворање на неопходните 35 поглавја , за да се влезе во Унијата. Другите кандидати, од европската четворка од овој регион, се уште се далеку од тој пат. Македонија и Албанија имаат од Брисел определен период за почеток на таквите  преговори, од јуни 2019 година, но и двете (засега ) се заглавени во внатрешно- политичките состојби и меѓупартиските блокади, што го доведуваат во прашање препораките кои двете земји веќе ги имаат. Македонија е во тешка политичка борба со домашните националисти, предводени од партијата ВМРО-ДПМНЕ за ратификација и имплементација на историскиот македонско-грчки договор од Преспа , што е неопходно за стартот на преговорите со ЕУ. Договорот ја тргна тридецениската грчка блокада на македонската евроатланска стратегија кон ЕУ/НАТО , но за референдумот и за ратификацијата во Парламентот во Скопје, сега е поставена блокадата на оваа партија. Ако брзо не се стигне до некаков компромис, ќе мора да има брзи, вонредни избори, за да се добие поинаков распоред на силите во парламентарните клупи. Но  тоа е ризична варијанта, зашто може одново да се стигне до т.н. „пата-пата“ варијанта и да предизвика да се загубат роковите. Сепак, владата нема други опции, а од гласачите уште еднаш ќе се бара- евентуалните такви избори, да ги прифатат како втор референдум- за тоа што сакаат : НАТО и ЕУ, или останување трајно во изолацијата од сите други европски држави кои се заедно во Унијата. Албанија  нема вакви проблеми, но и таму постои жестока меѓупартиска битка која се прекршува на европските амбиции на државата, која веќе е членка на НАТО. Таму се уште нема договор за формирање на Уставниот суд, а постојат дијаметрални позиции (кокетирање со наводните национални интерес) околу договорот со Грција за старите, се уште неразрешени гранични проблеми. Подгорица  и Белград се наоѓаат во сосема друга фаза од европскиот пат и тие сега, дискретно, водат трка кој од нив ќе отиде понапред. Засега Црна Гора ја предводи западнобалканската дружина, затоа што има отворено дури 32 од предвидените 35 поглавја. Тоа зборува за напредокот на земјата во преговорите со Брисел, но сепак, она што е важно тоа поглавјата да и бидат и затворени, односно комплетирани. Србија има започнато 13 поглавја, од кои две веќе се надминати. Српскиот премиер Ана Брнабиќ се согласува дека Црногорците се пред Србија и признава дека оваа земја „ се уште не е подготвена за влез во Унијата, зашто се уште не се завршени потребните реформи“,  а над српската страна стои обврската да се разреши косовското прашање. Од Белград се бара да  прифати потпишување на правно-обврзувачки договор за косовската граница, што фактички би значело признавање на Косово. Терминот  за влез на Западен Балкан, за кој се зборува  извесно време е 2025 година. И покрај предноста што ја имаат Црна Гора и Србија, многу веројатно е дека ќе мораат да ги чекаат Македонија и Албанија, за да се комплетира „четворката„ за ЕУ, затоа што се тврди дека таква била проекцијата на Европејците за регионот.

Двосмислениот Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ, дури после четири месеци од потпишувањето , јавно го поздрави  договорот од Преспа. Но Вучиќ поздравувајќи го постигнатиот компромис, порача дека го почитува и мислењето на народот ( мислејќи веројатно на гласачите). Остана нејасно, на кој дел од народот мислеше српскиот претседател- на оние над 90 отсто кои се определија за договорот и за НАТО и ЕУ, или за оние кои се сокрија дома, спроведувајќи го налогот на македонските националости, за бојкот, за да не се доживее пораз на референдумот. Предводени од ВМРО-ДПМНЕ, сестринската партија на Српската напредна странка (СНС) чиј лидер е Вучиќ , македонските националисти го бојкотираа , практично, европскитот пат на земјата, нејзниот пат кон НАТО и ЕУ. Србија и Вучиќ постојано изјавуваат дека не сакаат во Алијансата, но дека се силно определени за да бидат дел од ЕУ, па би требало да се очекува тој да застане зад оние кои ја подржуваат и се определуваат за европското интегрирање, за што кога е Македонија во прашање- договорот од Преспа е единствената виза. Но , по серијата изјави што ова лето доаѓаа од Белград, по главно некоректното однесување на српските медиуми пред и за референдумот, впечаток на неутралните посматрачи во Скопје е дека Вучиќ, сепак, ги почитува оние  нему блиски вмровци , кои удрија врз европските интеграции на Македонија, спротивно на позициите кои ги има меѓународната заедница и пред се ЕУ. Ваквата двосмислена изјава и не треба да чуди, затоа што веднаш по свеченото потпишување на договорот, кога бил прашан српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ , зашто Белград не го поздравува договорот Заев- Ципрас, тој само им дофрлил на новинарите- Нема што засега да се поздравува и да се честита! Според тоа, Вучиќ со поздравот, остана на половина пат, а требаше и порано и подиректно да застане зад еден договор во кој две балкански држави покажуваат оти можат сами да се спогодат , правејќи компромиси. Како проевропски политичар, за каков сака да се прикажува, тој во исто време, требаше  да го осуди бојкотот како неевропско однесување кои не помага за стабилизацијата на регионот. Онака како што тоа го направи ЕУ. Само Русија остана против договорот и само Москва работи за неговиот неуспех, помагајќи ги македонските националисти.

Исчезнат првиот светски полицаец

Директорот на Интерпол Менг Хонгвеј е исчезнат веќе десетина денови, но засега Кина, каде отпатувал од Лион, каде е седиштето на Светската криминалистичка полиција, не се огласува со никакво соопштение за случајот. Хонгвеј кој на оваа функција е од 2016 година, бил претходно, кинески заменик министер за јавна безбедност, а медиумите во Хонгконг тврдат дека тој бил цел на истрага што кинеските власти ја отвориле, за некој случај на корупција. Тревогата ја има покренато неговата сопруга , која им пријавила на француските власти дека Хонгвеј исчезнал, откако на крајот од септември заминал за Кина, но од тогаш таа нема никаков контакт со него. Претпоставката на медиумите во Франција е дека , веднаш по пристигнувањето, кинеските власти го одвеле во непознат правец. Интерпол издаде соопштение во кое вели дека со случајот на нивниот директор се занимаваат француските и кинеските власти. Од таму изјавиле дека генералниот секретар, а не директорот се задолжени за секојдневното работење на оваа меѓународна криминалистичка полиција. Тоа значи дека и без својот директор, Интерпол редовно и нормално ги извршува своите задачи, во кои, изгледа, не е вклучена и потрагата по Менг Хонгвеј.

 

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Брифинг/Weekly

Горе