Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Брегзит го тресе Есен

travelview/Bigstock.com

Брегзит го тресе Есен

Само неколку дена пред регионалните избори во германската сојузна покраина Есен, закажани за крајот на октомври, илјaдници луѓе излегоа на протести во Франкфурт против се повисоките кирии и недостигот на станбен простор по достапни цени за просечните Германци. Демонстрантите учествуваа на собир наречен “анти-рент манија” , протестирајќи против градбата и уредувањето луксузни апартмани и барајќи  куќи и станбен простор за лугето што ги немаат. 

Но, ваквиот протест, организираран  пред изборите, веднаш доби и политичка конотација, особено со инсистирањето дека  “национализмот е смртоносен”, како и против крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД)  или со левичарските барања – „богати родители за сите“.

Ваквите  барања, истакнати и низ паролите што ги носеа демонстрантите, не се изненадување за германската јавност и посебно за оваа покраина, затоа што недостигот од станбен простор е се поизразен проблем во големите градови низ цела Германија, а политиката на партиите од десниот центар кои се дел од  сојузната и од покраинските влади, веќе почнаа да алудираат дека ситуацијата ја отежнува забрзаниот тренд на приватизација и трансформирање на куќите и становите во скапи луксузни апартмани.

Франкфурт, на пример, банкарската метропола на Германија, каде е седиштето на Европската централна банка (ЕЦБ) -банката на ЕУ, веќе се подготвува за очекуваниот ( и посакуван) наплив на богати банкари кои „ќе избегаат “ од Лондон како последица на Брегзит, а седишта на банките како и домови за себе и нивните семејства ќе побараат во овој германски град или блиската околина. Во очекување на исклучувањето на Британија од ЕУ (што формално треба да се случи на крајот од март 2-19 година) цели населби се преобразуваат во квартови со луксузни згради, со скапи апартмани, истиснувајќи ги старите станари од некогашните работниќки квартови. Во овој момент, во Германија, мајбогатата и економски најмоќната држава во ЕУ, се смета дека има околу еден милион бездомници, додека во исто време, постојано се намалува бројт на станови за кои станарината ја плаќа државата.

Една студија од регионалната  асоцијација Франкфурт/Рајна, сугерира дека само во Франкфурт во наредните 12 години ќе има недостиг од скоро 200 илјади станови со достапна цена. А слично е и во околните градови Офенбах, Визбаден , Дармштат и Мајнц , затоа што станарите толку брзо и толку многу растат , што се помалку луѓе може да си дозволат пристоен дом. 
Ова објаснува зошто изразената станбена криза, во пресрет на изборите во Есен, стана една од доминантните теми и за политичарите, иако се чини дека  гласачите брзо препознаа дека причината за таквата ситуација треба да се бара, пред се, во политичкото профитерство. Еден од водечките кандидати на лево-центристичката СПД, Торстен Шафер Гумбел, кој се појави на протестот во Франкфурт во обид да ја има улогата на „гласот на народот“ беше исвиркан од демонстрантите, па мораше да го прекине својот говор.
Иако СПД  е во опозиција во областа Есен веќе 20 години, партијата се чини и натаму  не е омилена  меѓу работниците и младите кои порано го сочинуваа нејзиното основно јадро. Неодамнешните сондажи за можниот исход од гласањето,  сугерираат дека СПД ќе може да смета на само 20 отсто од гласовите , што е за десет отсто помалку од претходните регионални избори, пред пет години. Гласачите подолго време ја поврзуваат партијата со, како што се вели „ бруталните реформи на работничките права“ во покраината, но и со вкупната десноцентристичка политика на владеачката  Голема коалиција на  канцеларот Ангела Меркел, на сојузно ниво (ЦДУ, ЦСУ и СПД). Сите три партии, во очите на младите, на левичарите и на  работниците се тие кои применуваат „нехумана политика кон бегалците, обнова на вооружувањето на државата и милитаризам“. 

Затоа,  Големата коалиција стравува од целосен колапс во Есен, на што укажува и намалениот рејтинг на актуелниот премиер на покраинската влада, Волкер Бофиеф, кој сега изнесува околу 26 отсто,  што е за 12 поени понизок во споредба со 2013 година. Аналитичарите  велат  дека оваа ситуација им оди во прилог само на „Зелените“ кои,  иако идеолошки и припаѓаат на левицата,  сепак,  не се алтернатива за партиите на десницата и нивната анти-социјална политика, затоа што, барем во Есен, веќе пет години владеат заедно со ЦДУ, давајќи поддршка за депортации на имигранти,за натамошно  вооружување на полицијата и посебно, за преобразувањето на некогашните социјални згради во Франкфурт, во луксузни блокови .

Неодамнешните  регионални избори во Баварија веќе и нанесоа удар за Големата коалиција на Меркел, со поеазот на досегашната  на владеачката ЦСУ (сестринската партија на конзервативните  Демохристијани) која го изгуби мнозинството во регионалниот парламент. ЦСУ во Баварија владее скоро седум децении, со исклучок на период од три години, но сега со освоените 37,2 отсто од гласовите , всушност им подари поддршка на малите партии, расцепкувајќи го гласачко тело. Корист од оваа фрагментација, меѓудругото извлече и крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) партија со изразена анти имигрантска политика, која во Баварија освои 10,2 отсто од гласовите и за прв пат,  на голема врата влезе во регионалниот парламент.

Баварија во 2015 година, во текот на напливот од бегалци и мигранти, го понесе главниот товар , кога секојдневно во покраината влегуваа илјадници имигранти. Според  некои од аналитичарите, токму тоа е главната причина за намалување на довербата во владината коалиција и зголемување на  популарноста на крајната десница.

Но сепак, гласачите за АфД не се најпогодените луѓе од бегалскиот бран, како што тоа  се сиромашните , работниците или гастарбајтерите дојдени во Германија пред повеќе децении. Најчувствителни по бегалското прашање се покажа дека се припадниците на средната класа во Германија – некогашни приврзаници и гласачи на конзервативните ЦДУ/ЦСУ ,  но и на оние кои гласале за либералната СПД. Познавачите, во оваа”политичка пируета” веднаш препознаа  заситеност на Германците со политиката на Меркел на “отворени врати” за новодојдени работници и покрај тоа што економијата во земјата и натаму е стабилна и  гладна за нова работна сила.

Прашање е сега- дали ќе продолжи трендот на пораст на  национализмот во Германија и во  Европа? Дел од домашните аналитичари стравуваат од таквата можност. Други , меѓутоа,  препорачуваат   ладење на загреаните страсти. Анализта на политичката карта во неколку западно европски земји, покажува подем на десницата, по бегалскиот бран од Блискиот исток и Африка, но во исто време и општа фрагментација и превртливост на гласачкото тело кое очигледно ги менува досегашните навики.

Тоа, сепак, не би требало да значи , по секоја цена и пораст на популизмот во западноевропските држави- инсистираат познавачи на политичките движења во Европа ( и во ЕУ). За нив, баварските избори не беа никаков „политички земјотрес“ како што тоа побрзаа да го оквалификуваат западните медиуми, туку повеќе „нарушување на досегашната воспоставена пракса“.

 Во Баварија, загуба претрпи конзервативната ЦСУ, но  најголемите лузери се Социјал-демократите (СПД), слично како и во Франција и Холандија претходно. „Заработија“  крајно-десничарската Алтернатива за Германија  и „Зелените“ кои како и ним сестринските партии во Белгија и Луксембург, освоија речиси двојно повеќе гласови  од претходно.

Гледано според  политички блокови, рамнотежата меѓу левицата и конзервативците, сепак,  останува. Зелените ја надоместуваат загубата во блокот на Социјал демократите , додека АфД  е тоа  во блокот на ЦСУ. Ова секако е промена, но сепак не е “земјотрес” инсистираат познавачите. Факт е дека двата блока идеолошки се имаат поместено – десницата кон порадикално десно, а левицата кон порадикално лево.

(Б.Џ.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе