Меркел се повлекува од водството на ЦДУ
Германскиот канцелар Ангела Меркел соопшти дека се повлекува од функцијата лидер на владеачката Христијанско-демократска унија (ЦДУ) и дека по тоа, ќе остане само канцелар на Германија, до крајот на нејзиниот сегашен мандат, во 2021 година. Повлекувањето од водството на оваа германска десно-центристичка партија уследи по неуспехот на нејзината ЦДУ, на двата едно по друго регионални парламентарни избори , во Баварија и во Есен. Во гласањето за регионалниот Парламент во Есен, со Бавараија, една од најбогатите покраини во Германија, ЦДУ остана и натаму партијата со најголем број пратеници, освојувајќи 27,9 отсто од гласовите, но тоа е за 10 отсто помалку откако на претходните избори. На прес конференција во Берлин, таа рече дека ја преземе целата одговорност за двата неуспеха на партијата и за лошите изборни резултати и потврди дека нема да се кандидира на партиската конференција на ЦДУ, предвидена за декември. На челото на Христијанско-демократската унија таа е од 2000 година. Меркел уште рече дека по истекувањето на сегашниот мандат како канцелар, ќе се пензионира, неприфаќајќи никаква политичка функција. Таа е по четврти пат, канцелар, достигнувајќи го така рекордот по мандатите на Хелмут Кол , канцеларот „ обединител“ во чие време дојде до падот на берлинскиот ѕид и до повторното обединување на двете германски држави, што беа создадени по поразот на германскиот нацизам и крајот на Втората Светска војна. Ваквата одлука не е неочекувана, затоа што германските аналитичари уште по последните германски парламентарни избори навестуваа заминување на Меркел, особен по тешко скроената „голема коалиција“ како одговор на засиленото десничарење во Германија, посебно во нејзните источни покраини, од некогашната ДР Германија. Земјата и натаму е најмоќната економија во Европа, бројот на невработените останува низок, земјата има силна потреба од надворешна работна сила, но внатрешните поделби во државата не само што не се намалуваат, туку и се зголемуваат. Истокот и натаму заостанува зад развиеноста и зад висината на платите од Западот на Германија, што предизвикува годишно преселување и на по 400 илјади лица кои одат во западниот дел од државата за подобар и побогат живот, но тоа на Западот предизвикува низа социјални проблеми кои се рефлектираат во незадоволството врз владата. Меркел се обвинува за погрешно водената политика околу напливот бегалци и мигранти во 2015 година, што предизвика таа да се најде на удар и на своите партнери во ЕУ, а посебно во земјите од Источна Европа кои одбија да прифатат да преземат дел од товарот на бегалците, заговарајќи нивно одбивање и сугерирајќи и на Германја така да постапува. Бегалската криза се одрази и врз политичката ситуација во самата Германија, предизвикувајќи пад на популарноста на ЦДУ, а преку неа и на сестринската ЦСУ од Баварија, но и на германските Социјалдемократи (СПД) кои исто така се противеа на груби решенија кон мигрантите кои во најголемиот број ( околу 800 илјади ) , завршија во Германија). Таквата политика, иако не предизвика криза во вработувањето и невработеност, сепак, предизвика поделби меѓу Германците и меѓу старите гастарбајтери, но и раст на крајната десница и на националистите и неонацистите. Најголем добитник од тоа излезе крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) која на парламентарните избори, за прв пат, влезе во сојузниот Бундестаг, а сега и во регионалните парламенти на Баварија и Есен.
ЕУ против избрзано укинување на „зимско-летното“ време
Мнозинството од земјите – членки на ЕУ се согласуваат да се промени досегашната практика на менување на сметањето на времето- еднаш во пролет, а потоа во есен- познато како „ летно и зимско време“ , но не се согласуваат тоа да се изведе набрзина. На неформалната консултација на европските министри за транспорт оджано во Грац (Австрија) се согласиле дека е „нереално да се изведе целата таа операција на сезонско менување на времето на часовниците“. Во предлогот на Европската комисија стои дека земјите- членки ќе може да изберат кое време ќе го употребат (зимското или летното) за свое постојано време. „Ако целта на Европската комисија била сето ова да го спроведеме уште идната година, тоа нема да биде подржано од мнозинството членки на ЕУ“- изјавил за австриските медиуми тамошниот министер за транспорт Норберт Хофер. Воведувањето на брзаина на една ваква новина може да доведе во рамките на Унијата да постојат дури три временски зони, а авионската индустрија веќе има испратено предупредување до Брисел дека ќе и бидат потребни најмалку 18 месеци, за да може да се прилагоди со термините и редовите на летањето. Засега е познато само дека Британија, Шведска и Полска се скептични кон предложената промена, иако тоа не значи и дека се целосно против, но се верува дека повеќе светлина ќе се појави, откако ќе биде извршено испитување на јавното мислење во сите земји- членки во ЕУ. Планот за напуштање на неколкудецениската пракса за менување на часовниците- во крајот на март, за еден час напред, а на крајот од октомври, за еден час, назад, за прв пат беше споменато од претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер., во март годинава. Во неговата тогашна изјава беше навестено дека промената би се официјализирала од октомври 2019 година. Противењето на брзото укинување на т.н. „зимско и летно“ време , сепак, не значи дека ЕУ во принцип е против промената. Во Брисел се верува дека европратениците во април следната година, би можеле да го подржат предлогот на Европската комисија.
Менување на косовската граница е „реална опција“
Поранешниот координатор на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа, Ерхард Бусек смета дека „менувањето на границата на Косово е реална опција“, затоа што тоа, според неговото мислење, „постојано се случувало во Европа“. Според изјавата која ја пренеле приштинските медиуми, Бусек рекол дека во долгата историја на Европа , границите се менувале безброј пати. „Има повеќе такви примери па затоа промената на косовската граница е реална опција. Тој зборувал на меѓународна конференција за новите безбедносни концепции во светот и таму рекол дека „ЕУ мора што е можно поскоро да ги прими во членство балканските држави, за да може тие да ги разрешат сите свои меѓусебни проблеми“. Идејата за менување на косовската граница, како решение за ситуацијата со Косово, се појави во текот на летните месеци, откако од Белград прв пат беше посочено дека треба да дојде до „разграничување на Србите и Албанците ( на Косово)“ . Потоа, се дообјасни дека тоа би требало да се изведе така што од северниот дел на Косово би се приклучиле кон територијата на Србија, четири општини и северна Митровица, каде мнозинството го чинат етнички Срби, а кон Косово да се присоединат „албанските територии„ во југоисточниот дел од српската државна територија. На ваквите „идеи и планови“ без спротивставување реагираше косовскиот претседател Хашим Тачи, а разликите се појавија околу она што треба да му се отстапи на Косово. Според Тачи, тоа би требало да бидат општините Медвеѓа, Бујановац и Прешево, каде мнозинското население се Албанци, а според една белградска експертска студија, на Косово би требало да му се отстапи само општината Прешево. Европа остана затечена со ваквите цртање на новата карта на Балканот, а подоцна се изгради став, според кој треба да се види што можат да договорат двете стѕрани, по што ќе се оцени дали сето тоа може и да се прифати. Германскиот канцелар Ангела Меркел остана против цртање нови граници, а Русија, за која се верува дека стои зад едно вакво решение, како да се предомисли. Москва сега одново зборува за почитување на одредбите од Резолуцијата на ОН за Косово 1244, во која таа територија се третира како „автономна покраина“ , што Белград брзо го прифати, означувајќи го „Косово и Метохија“ како своја земја. Проблемот за Србија, со конечното косовско решение е што со него ќе мора да прифати признавање на Косово, било како посебна држава, било само признавајќи ги неговите граници, а тоа во крајна ситуација е исто.