Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Трамп против договорот „Реган-Горбачов“

ovbelov/BigStock.com

Трамп против договорот „Реган-Горбачов“

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека САД ќе се повлечат од Договрот за нуклеарно вооружување , потпишан уште во 1987 година од тогашниот претседател Роналд Реган и советскит лидер Михаил Горбачов.

По неколкуте контроверзни одлуки на актуелната американска администрација во изминатите две години- повлекувањето на САД од меѓународниот договор за климата, од нуклеарниот договор за Иран, од спогодбата НАФТА и од трговската Транспацифичка спогодба, како и од навестувањата дека Американците би можеле да се повлечат, или да го суспендираат членството во некои од телата на ОН, заминувањето и од 31 година стариот договор, направен уште во времето на Студената војна и поделената Европа , претставува уште една потврда за определеноста на Белата куќа да опстои во нејзината анти-глобалната политика, кога станува збор за договорите на претходните администрации на САД и на организациите во кои членуваат Американците.

Решението на Трамп, да се напушти договорот „Реган-Горбачов“ кој на времето имаше силно значење за општата клима на попуштање во меѓународните односи меѓу тогашните големи сили (САД-СССР) , доаѓа по серијата обвинувања од американската администрација дека уште од 2008 година,  Русија е таа која го има прекршено договорот за елиминирање на проектилите  со краток и со среден дострел ( од 500 до 1000 км. и од 1000 до 55оо км), откако Русите го имаат внесено во употреба својот ракетен систем „земја-земја“ наречен „Искандер“.

Што всушност, претставува овој американско-руски договор?

Според овој документ, тогаш двете големи сили се имаат спогодено да се укинат постоечките ракетни системи и да се запре проиводството на нови ракетни системи од типот „земја-земја“ со краток и со среден дострел, но само за  комплексите кои се стационирани на површината од земјата. Тоа значи дека договорот не ги опфаќа проектилите кои може да се лансираат од воздух- од авиони, а сега и од беспилотни летала (дронови)- ниту пак од вода, од бродови и од подморници.

Договорот за укинување на користењето на ваквите проектили кои би можеле да носат и нуклеарни боеви глави, меѓутоа, е билатерален и тој ги обврзува само САД и СССР (сега Русија) . Повеќето воени експерти, уште пред Трамп да соопшти дека САД ќе се повлечат од овој договор, оценуваа дека тоа е најголемата слабост на овој документ, затоа што во ова меѓувреме од три децении, некои држави во светот, како Франција, или Кина, самите почнаа да развиваат модерни ракетни системи, кои инаку се опфатени со старата американско- руска спогодба.

Решението на САД уште еднаш да излезат од еден меѓународен договор, овојпат, помина многу помирно и потивко, за разлика од претходните вакви случаи. Најверојатно затоа што  тој, во основа, е билатерален, но веројатно и затоа што меѓународната заедница, веќе се навикнува на непредвидливите потези на администрацијата во Вашингтон. Блага беше и реакцијата на официјална Москва, ако се отфрли вообичаената фраза дека таквите потези може да го загрозат мирот и стабилноста, затоа што гестот на Трамп не влијае врз руско-американските односи. Тие и онака се „студени“ но, американскиот и рускиот претседател одново ќе се сретнат во Париз, во првата половина од ноември, на одбележувањето на 100 годишнината од завршувањето на Првата светска војна, а во меѓувреме е највено дека Трамп го има покането Владимир Путин, да го посети Вашингтон.

Американските воени аналитичари, сепак, инсистираат на вината на Русија за прекршувањето на договорот „Реган-Горбачов“ , уште тогаш кога го промовирала ракетниот систем „Искандер- М“. Официјално, тој е оквалификуван како систем со краток дострел- до 400 км. иако претпоставките се дека декларираниот дострел е помал од реалниот. Ракетниот комплекс „Искандер- К“ пак, користи криласти крстосувачки проектил. Тој е сличен на американските „Томахавк“ ракети за кои се верува дека имаат дострел и до 5500 км и може да носат со себе и нуклеарни боеви глави.

Немаше јавни реакции на руските воени експерти, но за руската, како и за европската јавност се огласи претседателот Путин кои предупреди дека без досегашниот руско-американски договор , во опасност се доведуваат , пред се, европските земји кои на својата територија ќе прифатат да се инсталират американски ракетни системи. Ваквото предупредување, се однесува и за новите и идните членки на НАТО, на кои Москва уште еднаш им испрати порака , заплашувајќи ја нивната јавност дека во случај на војна, нивната територија ќе биде цел на напад на руските ракети.

(Г.Г.)

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
1 Коментар

1 Коментар

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе