Поврзете се со нас

Skopje Global

Брифинг/Weekly

Иванка Трамп како Хилари Клинтон

s_bukley/Bigstock.com

Иванка Трамп како Хилари Клинтон

Ќерката на американскиот претседател која е и советник во Белата куќа, Иванка Трамп го користела својот приватен е-мејл, за примање и испраќање на материјалите на администрацијата на САД, што не е дозволено и е спротивно на правилата- пишува „Вашингтон Пост“. Весникот кој инаку е постојано на удар на критиките на претседателот Доналд Трамп, за откривањето на оваа информација, се повикува на неименуван извор , соработник во американската администрација. Според истиот извор, за направениот престап, ќерката Трамп се бранела дека не била запознаена со ваквите правила, предвидени за лугето кои се вклучени во федералните служби. Адвокатската канцеларија на Иванка, меѓутоа, го потврди случајот и призна дека ќерката Трамп , во текот на 2017 година, ја користела својата приватна електронска адреса, за сите материјали во и за Белата куќа, до кои имала пристап и можела слободно да ги користи, по именувањето за советник на претседателот. Тоа траело се додека не се открило нејзиното однесување и додека не била предупредена на безбедносните закани што ги носи користењето на приватната меил адреса за службени потреби. Доналд Трамп, во текот на изборната кампања за претседател во 2016 година, постојано ја критикуваше Хилари Клинтон, за истата таква грешка, направена додека била државен секретар на САД. Клинтон беше и сослушувана пред една сенатска комисија, на која таа ја призна грешката, бранејќи се дека сепак, поради тоа,  немало никаква безбедносна закана за САД. Трамп, меѓутоа, во изборната кампања бараше од ФБИ да подигне и кривично обвинување против тогашниот негов политички противник.

 

Вратена легитимацијата за Белата куќа на новинарот на Си-Ен-Ен

Уредникот на тв компанија Си-Ен-Ен Џим Акоста, кому Белата куќа му ја одзеде легитимацијата за влез и известување од седиштето на американската администрација, откако беше обвинет за „навреда на претседателот“ и за „насилство“ врз едно лице од техничкиот персонал, ја доби назад својата пропусница. Случајот потекнува од првата прес конференција на Доналд Трамп по мид-терм изборите, што се одржаа на 6 ноември, на која дојде до невообичаена расправија меѓу претседателот и новинарот, еден од водечките во оваа телевизиска компанија. На таа конференција, Акоста прв доби право да го праша Трамп за коментар околу обвинувањата за тоа како тој ја водеше изборната кампања. Но уште додека прашуваше, Трамп почна да му упаѓа , недозволувајќи му да го постави прашањето. Потоа го обвини дека тој и неговата телевизија прават „ fake news” и дека медиумите се виновни за насилничката атмосфера во јавноста и побара да му биде одземен микрофонот. Новинарот , првично одби да го врати микрофонот, настојувајќи да биде сослушан до крај, а кога виде каде одат работите, се откажа од намерата. Прес конференцијата продолжи, но остана впечатокот од мачната атмосфера што се создаде која целосно го засени настанот. Белата куќа реагираше остро и го казни Акоста, прикажувајќи го како „насилник“ што воопшто не беше така, затоа што прес конференцијата беше директно пренесувана. Си-Ен-Ен возврати со тужба против Белата куќа, повикувајќи се на слободата на медиумите, а еден федерален судија ја прифати тужбата и пресуди да му биде вратена легитимацијата на новинарот. Неколку денови Белата куќа молчеше , но откако беше остро критикувана , меѓу другото и поради покренатата „војна со медиумите“ одлучи да се повлече- па му ја врати дозволата на Џим Акоста.

 

Мигранти со чамци илегално влегуваат во Британија

Група од дваесетина илегални мигранти, се откриени на јужниот британски брег, во англиската област Кент, кои го преминале каналот Ламанш, во гумен чамец. Според лондонските медиуми, станува збор за Иранци кои сакале од Франција, да се префрлат во Британија, но биле откриени и притворени од полицијата. Инцидентот се случил кај местото Фолкстоун, каде инаку е тунелот за железничката линија Лондон- Париз која оди под морското ниво, кога група од деветмина мигранти се обидувале да се искачат по каменетиот рид, за да влезат во градот. Биле забележани од лугето кои таму минувале кои веднаш повикале полиција. Во изминатите десетина денови, ова е втор таков случај, по откриената група од околу шеесетина илегалци кои со украдено рибарско бродче во Франција, се префрлиле до британскиот брег. Антиевропскиот, десничарски таблоид „Дејли Експрес“ кој е предводник на борбата против сите мигранти, од ЕУ и од светот, ја обвини владата дека не води сметка за чување на „јужната врата“ на земјата. Според весникот, во тој дел од британските територијални води, патролирале само два патролни чамци на крајбрежната стража. Либералните и поумерени посматрачи забележуваат дека никој не одобрува илегално минување на границата, но му замераат на весникот дека продолжува со анти-мигрантската хистерична кампања, порачувајќи му  дека веројатно не смета оти во водите на Каналот треба да се постават мински полиња.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Брифинг/Weekly

Горе