Поврзете се со нас

Skopje Global

Брифинг/Weekly

Трамп : Договорот за Брегзит е добар само за ЕУ

phakimata/Bigstock.com

Трамп : Договорот за Брегзит е добар само за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот за Брегзит меѓу Лондон и Брисел е добар само за ЕУ. Во првата реакција на Трамп за договорот за излегување на Британија од Унијата ,  што на вонреден Самит во неделата во Брисел го прифатија сите преостанати 27 земји-членки, американскиот претседател  рече дека така како што е направен, договорот ќе ја отежне трговијата меѓу САД и Британија. Со ваквата своја изјава тој се стави на страната на критичарите на договорот во Лондон, кои ги има како во редовите на опозицијата, така и меѓу конзервативните евроскептици и брегзитери. Премиерот Тереза Меј која инсистира дека тоа е „ најдоброто што Британија можеше да го постигне“ како и дека договорот е „добар и за двете страни“ го отфрли предупредувањето на Трамп и неговата неповолна оценка. Според Меј, трговски договор со САД, по конечното британско заминување од ЕУ „ не само што е можен, туку за него веќе се започнати повеќе подготвителни работи и сите тие добро напредуваат“. Преку изјава на портпаролот на Даунинг стрит 10 во Лондон, Меј му порача на Трамп дека „ токму договорот со ЕУ, таков каков што е направен, и овозможува на Британија да склучува трговски договори низ светот“. Во меѓувреме, во Лондон е соопштено дека Меј и Трамп нема да се сретнат  на маргините на Самитот Г20 што се одржува следниот викенд во Аргентина. Објаснувањето е дека оваа година двајцата лидери се имаат повеќепати среќавано. Средба на двајцата лидери не била договорена уште пред неговата неповолна оценка за договорот за Брегзит.

Хеико Мас очекува голема поларизација во ЕУ пред евроизборите

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас смета дека ЕУ ќе се соочи со „огромна поларизација“ во текот на политичките дебати, во пресрет на изборите за Европскиот Парламент, закажани за мај 2019 година, особено затоа што на нив популистите очекуваат натамошен напредок кај  гласачите. „Тие избори ги зголемуваат очекувањата за висока поларизација во дебатата во ЕУ“- рекол Мас , во разговор со германски новинари. Според него , сегашната „кампања за дезинформирање по повод спогодбата за мигрантите, изготвена од ОН, што се води низ Унијата, е само мало навестување  за она што ке уследи подоцна“. Националистите во Германија , но и во Унгарија, Полска, Словачка и уште во некои дриги земји, бараат од  своите влади , нивните земји да бидат исклучени глобалната спогодба за мигрантите и миграциите на Светската организација, иако таа нема обврзувачки карактер. Декларација за тоа и потпишана од лиерите или виските претставници на земјите чланки на ОН, треба да биде потпишана идниот месец, во Маракеш, во Мароко.

Британија заплени доверливи документи на Фејсбук

Британскиот Парламент има запленето поголемо количество доверливи документи на Фејсбук, соопштено е во Лондон. Запленувањето е изведено во рамките на подготовките за истрагата на Одоборот за дигититалната сфера во Вестминстер во Лондон , околу  заштитата на приватните податоци на корисниците на оваа социјална мрежа. Запленети се доверливи документи на Фејсбук, што ги имал во посед авторот на некогашната апликација за изнаоѓање бикини костими за капење. Расправата во парламентарниот одбор ќе се води во врска со сослушувањата што ова парламентарно тело ќе ги направи, или ги има направено, во врска со се пораширените дезинформации и лажни вести кои кружат постојано на интернет и особено на Фејсбук. Доверливите документи што Одборот побарал да се запленат, се земени од фирмата Six4Three.

Затворена границата меѓу Сан Диего (САД) и Тихуана (Мексико)

Американските власти ја затворија  границата со соседно Мексико, на преминот  кај калифорнискиот град Сан Диего и градот Тихуана, од другата страна на границата. Затворена е не само за минување на возила, туку и за милиони пешаци кои секојдневно, тука ја минуваат границата, одејќи од , или кон САД. Американците во Тихуана одат најчесто за забава, евтин провод и за дрога, или за да се сокријат од американските правосудни власти, додека Мексиканците и сите други од земјите на Латинска Америка, од тука влегуваат во САД за да бараат некаква работа и да останат како мигранти. Одлуката на САД за затворање на овој фреквентен премин се совпаѓа со пристигнувањето на „мигрантите – пешаци “ од Централна Америка кои сакаат да влезат на американска територија, за работа и за престој. Администрацијата во Вашингтон од порано навести дека нема да им дозволи премин и се закани со примена на сила. Во реонот на границата со Мексико се испратени и припадници на армијата на САД, но речено е дека сите тие се невооружени. Засега се знае дека „пешаците- мигранти“ имаат извршено повеќе упади на границата и дека околу стотина успеале да навлезат во САД. Мексиканските власти , по консултациите со Американците, ги заостриле мерките и контролите на граничната линија. Мексико најави дека сите мигранти што ќе се обидат насила да влезат во САД, или ќе предизвикаат штета на границата, ќе бидат вратени назад.

 

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Брифинг/Weekly

Горе