Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Перуанскиот екс претседател не доби азил

boggy/Bigstock.com

Перуанскиот екс претседател не доби азил

Поранешниот перуански претседател Ален Гарсија кој побегна и побара азил во амбасадата на Уругвај, во Лима, исчезна откако уругвајските власти одбија да му издадат политички азил. Во соопштението на уругвајскиот претседател Табаре Васкез се вели дека барањето му е одбиено затоа што властите во Монтевидео „не ги прифаќаат тврдењата на Гарсија дека е жртва на политичко насилство во својата земја“ , односно дека не се согласуваат оти обвинувањата против него се политички мотивирани и претставуваат реваншизам.

Перуанските власти, меѓутоа, се уште не може да го уапсат обвинетиот бегалец, затоа што веднаш откако разбрал дека не му е дозволен азил,  ја напуштил уругвајската амбасада и исчезнал во непознат правец. Пред да биде формално обвинет за земање поткуп од бразилската градежна фирма „Одебрехт“ во износ од 1,2 милиони долари, на Гарсија му било забрането да го напушти Перу и му бил одземен пасошот. Обвинителството во Лима потврди дека не знаат каде се наоѓа бегалецот.

Гарсија на два пати беше претседател на Перу. Прво, меѓу 1985 и 1990 година , а потоа во периодот меѓу 2006 и 2011 година Обвинението за корупција се однесува за неговиот втор мандат, кога побарал и добил пари за да бразилската фирма ја добие државната зделка за изградба на линија за подземната железница во главниот перуански град. Тој од почетокот ги отфрла обвинувањата , тврдејќи дека се „ политички мотивирани“ и се резултат на „политички реваншизам“ , но сепак, немаше храброст тоа да го докаже и на суд , па се сокри во странска амбасада, а потоа избега без трага.

Бразилскта „Одебрехт“ најголема градежна компанија во Јужна Америка има потврдено дека од 2004 година па до сега, има дадено преку 30 милиони долари за поткуп на перуански политичари , државни и локални функционери и службени лица.

Перу, како и речиси сите држави во Јужна и во целата Латинска Америка се соочуваат со речиси ендемски случаи на корупција, примање поткуп и перење пари, кои не може да се искоренат, иако сите политичари пред доаѓањето на власт ветуваат пресметка со корупцијата на сите нивоа..

Сите четворица последни претседатели на Перу, кои биле на функцијата од 2001 година, па до годинава , се обвинети во случаи на корупција и перење пари. Педро Пабло Кучински кој беше претседател само две години, од 2016 до почетокот на оваа година, мораше да се повлече од функцијата, под притисок на јавноста, откако се разбра дека купувал гласови, за својата изборна кампања. Во претходен случај кој не е до крај затворен , тој е осмничен и за перење пари.

Оланта Хумала, која пет години пред него беше шеф на државата, беше притворена, па пуштена со кауција и сега чека судење, за земање пари за својата изборна кампања од „Одебрехт“ . Во истата ситуација се наоѓа и нејзиниот претходник,   сега побегнатиот Ален Гарсија, а обвинет за корупција е и поранешниот претседател , Алехандро Толедо кој беше шеф на државата меѓу 2001 и 2006 година. Обвинителите и него го обвинуваат дека земал поткуп од бразилската компанија, но пред да биде уапсен, Толедо побегна во странство, а сега се крие во САД.

Ниту перуанската опозиција не е чиста од корупација, па полицијата во Лима, летоска ја  уапси Кеико Фуџимори, лидер на најголемата опозициска партија во земјата, заедно со нејзиниот сопруг и уште десетина други лица. Таа е обвинета користење пари од бразилската фирма „Одебрехт“ за изборната кампања, но се правда дека овинувањата се „ само од политичка природа, за да се елиминирала опозицијата“. Обвинителство меѓутоа подигна и формално обвинување и таа чека судење. Беше во притвор, но била пуштена да се брани од слобода, откако има платено висока кауција.

Кеико е ќерка на поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори. Тој се наоѓа на издржување на долгогодишна казна затвор, за тешки повреди на човековите права, но беше и тој обвинет и за корупција. Овој месец, во Перу ќе се одржи референдум за пет реформски и остри закони за пресметка со крупцијата.

Случајот со Перу и Уругвај, околу бегството и барањето азил на Ален Грасија и одбивањето тој да се спасува бегајќи во странство,  е пример за Балканот, за тоа како треба да се реагира. На овие простори, еден осуден екс премиер (Никола Груевски) кој не сака да ја отслужи затворската казна за корупција,  со помош на регионалното политичко подземје, на регионалните тајни служби и разузнавачи со дипломатски пасоши  од Унгарија, беше земен од хотел во Скопје, каде престојувал привремено, и преку три држави кои се направија дека не знаат кој тоа бега,  беше префрлен во Будимпешта. Таму по брза постапка му беше даден азил. Објаснувањето на бегалецот е исто како и на сите оние бивши перуански претседатели кои се правдааат дека им се судело од политички мотиви и за одмазда. Така се правда и македонскиот осуденик, додавајќи дека наводно  некој во Скопје можел да го убие, па затоа морал да се спасува далеку од земјата каде што ги има направено криминалите. Унгарците и нивниот премиер Виктор Орбан  ја прифатија лажната приказна на осуденикот, па за разлика од уругвајските власти и тамошниот претседател, му дадоа азил – за да  избега од правдата.

(Л.А.)

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе