Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Хрватска меѓу првите ќе го ратификува членството на Македонија во НАТО

Dreamer4787/BigStock.com

Хрватска меѓу првите ќе го ратификува членството на Македонија во НАТО

Официјален Загреб соопшти дека Хрватска ќе биде меѓу првите земји членки на НАТО, што ќе го ратификува договорот за членството на Македонија во Северноатланската Алијанса. По средбата на премиерите на Хрватска и на Македонија, одржана на маргините на конференцијата на земјите од СЕИ, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјавил дека Загреб само го очекува ратификувањето на македонско-грчкиот договор за името, во парламентите на двете земји, како и грчката ратификација на договорот на Македонија со НАТО, за да се изведе постапката за интеграција на земјата во системот на колективната одбрана на НАТО.

“Пристапувањето за полноправно членство, во основа е техничко прашање, па обично, таа процедура завршува за неколку недели, за разлика од влегувањето во ЕУ, што како процес, трае неколку години” – рекол Пленковиќ, објаснувајќи дека забрзаната хрватска ратификација на протоколот ќе биде сигнал и за сите други земји членки, брзо да ја прифатат Македонија во членството.

Хрватскиот премиер притоа, рекол и дека Загреб очекува веќе во јуни 2019 година, Македонија да ги отвори и преговорите за влез во ЕУ, како што тоа е веќе договорено на летошниот Самит на Унијата во Брисел.

Последната средба на Пленковиќ со македонскиот премиер Зоран Заев, според загребските медиуми, ја покажала големата блискост на двете земји по низа прашања, како и задоволството и на двете страни од добрите економски односи. Трговската размена веќе има достигнато ниво од 150 милиони евра, а од хрватска страна се изразува и посебно задоволство што туристите од Македонија се враќаат во Хрватска по многу години. Само ова лето, во хрватските приморски летувалишта имало над 36 илјади македонски гости.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе