Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Украина со автокефална црква

rustamank/BigStock.com

Украина со автокефална црква

Во Киев, со црковни и државни свечености, на кои присуствуваше и претседателот Петро Порошенко, беше формирана автокефалната Украинска православна црква (УПЦ) која е целосно одделена и независна од Московската патријаршија за која досега беше врзана. За лидер на новата независна црква, е избран 39 годишниот митрополит Епифание, претходно епископ на киевската патријаршија.

Новиот лидер важи за близок на киевскиот патријарх Филарет, кога од порано, руската црква го има прогласено за “предавник и расколник”, иако цариградската Патријаршија го рехабилитира. Епифание е роден во Одеса, град на југоистокот од Украина, каде мнозинството од лугето зборуваат руски јазик. За разлика од сите други помлади свештеници кои се образувани во Русија и под контрола на РПЦ, тој се школувал во Украина и во Грција.

Украинската црква со векови наназад, беше дел од Руската православна црква (РПЦ). Во октомври годинава, Синодот на цариградската Вселенска патријаршија, по неколкумесечно заседание и испитување, одлучи да го прифати барањето на Киев за отворање процес за создавање независна украинска црква и за нејзина автокефалност, предизвикувајќи противење на РПЦ и невообичаено остра реакција, кога станува збор за христијанските правила, на црквата во Москва, но и на Кремљ .

За руските црковни и политички власти, одлуката на Вселенската патријаршија и прогласувањето на автокефалноста на УПЦ претставува “расколнички чин”. Москва уште по признавањето на црковната независност на Киев, ги прекина сите врски со патријаршијата во Цариград.

Официјален Киев го означи прогласувањето на автокефалноста како “ден кога Украина е конечно независна од Русија”.

Според украинскиот претседател Порошенко, новата независна црква е “црква без Путин” како и дека со неа Украина – “нема повеќе да пие отров од московскиот пехар” (за причест). Тој, меѓутоа, потврди дека властите во Киев “нема да дозволат потикнување и распалување верска војна” меѓу (сега) двете православни цркви во Украина- новата, украинска и постоечката, руска и нивните верници.

РПЦ која како огранок делуваше во Украина и по нејзиното осамостојување, со распадот на некогашен Советски Сојуз, на почетокот од деведесетите години на 20 век, долго време ја имаше превласта врз православните верници, иако уште од тогаш се појави движење за посебна украинска црква. Работите значително се имаат изменето по руската интервенција во Украина во март 2014 година, по анексијата на Крим и по руската отворена подршка на бунтовнците во Источна Украина кои во меѓувреме, веќе прогласија и своја “независна држава” – Донецка Народна Република.

РПЦ им нареди на сите свои свештеници, на било кој начин, да не се вклучуваат во прославите околу автокефалноста на УПЦ, ниту да присуствуваат на црковните собори што ќе ги организира новата црква.

Формирањето автокефална украинска црква, во основа, е религиозен и црковен настан кој се однесува на локалните православни верници, но за Киев и Москва, посебно, по се она што се има случено од 2014 година, па до неодамнешното заробување на украински морнари и три помали бродови на украинската морнарица, близу до брегот на Крим, од страна на Русија, создавањето на УПЦ има и исклучителна политичка тежина.

Меѓународни религиозни и политички експерти, очекуваат тој процес што го започна цариградската Патријаршија, сега, да продолжи и со прифакање на независноста на Македонската православна црква која на автокефалност чека 50 години, како и Црногорската црква. И за двете цркви сите изминатите децении, пречка беа само Српската православна црква која не прифака ништо повеќе од давање автономија за МПЦ, како и Руската црква, која постојано е на страната на Србија. Во случајот со Македонија и МПЦ чие барање за прифакање на независноста се разгледува во Царигард од мај оваа година, се проценува дека Патријаршијата ќе го чека завршувањето на процесот на ратификација на македонско-грчкиот договор од Преспа.

 

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе