Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Сорос личност на годината

Photo https://www.flickr.com/photos/[email protected]/5393262055 by Michael Wuertenberg / https://creativecommons.org/licenses/by/2.0/

Сорос личност на годината

Угледниот британски весник “Фајненшл Тајмс” го прогласи Џорџ Сорос, американски милијардер и филантроп, за личност на годината. Сорос (88) Евреин од унгарско потекло кој сега живее во САД, во финанаскиот свет е познат како “таткото на индустријата на хеџ-фондовите” но во светот за него се знае и како за човек кој се бори за либералната демократија и за отворено општество и кој преку филантропијата им се спротивставува на авторатирноста, на расизмот и нетолеранцијата.

Во образложението на лондонската редакција се вели дека “за личност на годината, Фајненшл Тајмс, обично, се одлучува врз основа на достигнувањата. Во случајот со Џорџ Сорос, оваа година, одлуката е донесена врз основа на вредностите што тој ги претствува”.

Годинава, Сорос, речиси постојано, беше жртва на националисти од разни бои и на нападите и дисквалификациите на приврзениците на теории на заговор, како во Европа, така и во САД. Според европските медиуми, сите тие се имаат нафрлено врз овој филантроп, обвинувајќи го дека преку своите хуманитарни активности и низ делувањето на разните невладини организации и групи, наводно, се подржува илегалната имиграција!?

Во бранот на таквото насилство, што во Унгарија го спроведуваа тамошниот премиер Виктор Орбан и неговата десничарска и националистичка партија Фидес, фондацијата Сорос мораше своето седиште да го пресели од Будимпешта, во Берлин. Унгарските власти, буквално, отворија фронт против Сорос и целата негова активност, па на последните парламентарни избори, добар дел од кампањата на унгарските десничари и националисти беше насосечена против овој нивни некогашен сограѓанин кој инаку само затоа што е роден на унгарска почва, целата своја активност како филантроп и хуманист ја започна од Унгарија и од Будимпешта.

По падот на комунизмот, Сорос директно му има помогнато на Орбан во искачувањето во домашната политика, а и му има дадено пари за да се дошколува во Осфорд, во Англија, но премиерот Орбан смисли закон за “високо образование” чија основна цел беше само за да се блокира работата на т.н. Соросов Универзитет во унгарскиот главен град. Успеа во тоа, па управата на Универзитетот соопшти дека во условите што ги наметна орбановата влада, оваа високошколска установа не може да продолжи да работи и затоа го сели Универзитетот во Виена.

Во САД, за свој непријател Џорџ Сорос го доби американскиот претседател Доналд Трамп. Тој го обвини Сорос дека “ги потикнал и ги платил” жените низ американските градови да протестираат против номинацијата на конзервативниот судија Брет Кавана за судија во Врховниот суд на САД. Американските десничари преку ним наклонетите медиуми, го обвинија Сорос дека, наводно, го финансира движењето на мигрантите од Централна Америка, преку Мексико, до американската граница. Во октомври годинава, американското ФБИ откри експлозивна направа поставена во поштенското сандаче пред куќата во која живее Џорџ Сорос, во сојузната држава Њујорк. Полицијата подоцна откри дека поставувањето на експлозивните направи на повеќе локации, меѓу кои и на адресите на двајца поранешни претседатели (Клинтон и Обама) било десничарско дело.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе