Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Оставка на министерот за одбрана на САД

palinchak/BigStock.com

Оставка на министерот за одбрана на САД

Американскиот министер за одбрана Џим Матис (Jim Mattis) поднесе оставка на својата функција во владината администрација. Во писмото до претседателот Доналд Трамп, овој пензиониран генерал на копнената војска на САД, признава дека не се согласувал со шефот на државата за повеќе работи поврзани со армиските сили и воената безбедност. Несогласувањата траеле сите изминатити две години од делувањето на оваа администрација во Вашингтон, во кои Матис се обидувал да ги омекне тврдите ставови на претседателот.

“Бидејќи имате право на министер за одбрана чии позиции се блиски до вашите, мислам дека мојата оставка е добра одлука” – вели во писмото со оставката Матис.

Оставката на уште еден од водечките министри во администрацијата на Трамп и тоа непосредно пред божикните празници и Нова година, предизвика големо изненадување и бурни реакции во домашната политичка јавност. Според американските медиуми, оставката на Матис е демонстративен чин, поради одлуката на Белата куќа да ги повлече американските војници во Сирија, иако генералот во министерската фотеља во Пентагон, со Трамп имал и досега бројни несогласувања.

Само 24 часови пред тоа, претседателот Трамп објави дека наредил да се повлечат војниците од сириската територија, образложувајќи го тоа со “големата победа” што е постигната во борбите со исламските милитанти и терористи од групата Исламска држава (ИД). Но, министерот за одбрана бил категорично против, уверувајќи го претседателот дека станува збор за преуранета одлука затоа што и натаму постои заканата, по заминувањето на Американците да настана сигурносен вакум, што би можеле да го искористат разните милитантни сили на сириската територија и во реонот на Блискиот Исток. Кога не успеал да го разувери Трамп, министерот Матис поднел оставка.

Медиумите во Вашингтон кои се повкуваат на “сигурни извори” тврдат дека претседателот и Матис имале 45 минутен разговор во Белата куќа за кој се вели дека не се претворил во расправија, затоа што министерот на заминување само ја образлагал својата оставка, додека Трамп му сугерирал да ја измени одлуката.

Американски воени и безбедносни експерти се согласуваат дека одлуката да се повлечат сите две илјади војници на САД од Сирија е погрешна од воено-безбедносен аспект, но и како гест што се толкува како нелојален кон сојузниците и партнерите во регионот, во овој случај, кон сириските Курди кои имаа одлучувачка улога во завршната фаза од пресметката со терористите од ИД. Според експертски проценки, САД никогаш не ги оставаат своите сојузници без потребната подршка. Во случајот на Курдите во источна Сирија, тие сега остануваат без подршката што досега ја имаа од Американците на терен на кој, навистина, ИД е поразена, но каде сите работи не се докрај расчистени и каде заканата од “воскреснувањето” на џихадизмот и од обновата на борбите, претставува реална закана. Едноставно, се тврди дека со одењето на американските војнци се нарушува воспоставениот воен баланс, што се создаде со победата над ИД.

Демократите на САД инсистираат дека админстрацијата во Вашингтон продолжува да дејствува хаотично, оставена на волјата на претседателот и неговиот најтесен круг советници, без да се консултира со министрите за ситуации за кои тие се надлежни. Најстрог во таквите оценки е поранешниот министер за одбрана Леон Панета (Leon Panetta) кој беше на чело на Пентагон во администрацијата на Барак Обама. Според Панета “претседателот Трамп се повеќе се слуша само самиот себе си и на ние на кои им верува и кои му се најлојални.”

“Работата на претседателот, од секогаш била да се консултира и да ги сослушува државниот секретар за одбрана и на Стејт департментот, особено ако треба да се донесе некоја важна одлука, како оваа за заминувањето од Сирија. Не може тие да разбираат последни за одлуките на Белата куќа”. Но, Трамп се покажа така работи, создава хаос само за да потоа се најде во центарот на вниманието на јавноста во САД” – рекол Панета во изјава за Си-Ен-Ен, инсистирајќи дека силата на Америка со децении била во тоа да има нераскинлив сојуз со другите земји – сојузнички. За Панета, таа досегашна политичка стратегија на Вашингтон е во целосен несклад со паролата (и политиката) на претседателот за тоа дека “САД мора да бидат на првото место”.

Во првите реакции, Курдите изразија незадоволство од заминувањето на Американците, затоа што спред нив, одново ќе се појави можноста од појавување на ИД. Одлуката ја Трамп ја критикуваше и поранешниот израелски министер за одбрана Авигдор Либерман (Avigdor Lieberman), тврдејќи дека сега се создава можност од нова војна на Израел со силите кои ги подржува Иран, во Сирија, но и во Либан. “Одењето на Американците ќе ги охрабри Башир ал Асад, Иран и екстремистите од Хезболах во Либан кои се на асадовата страна во текот на војната, да се здружат во некоја нова воена авантура” – рекол Либерман за израелските медиуми.

Единствени кој досега го поздравија решението на американскиот претседател се Русија и Турција. Рускиот претседател оценил во Москва дека повлекувањето на Американците ќе помогнело за стабилизирањето на сириската ситуација.

Џим Матис е еден од долгиот список од дваесетина функционери од висок и понизок ранг, што Трамп ги смени, или тие поднесоа оставка, откако е во Белата куќа. Меѓу нив се и Рекс Тилерсон, поранешен државен секретар за надворешни работи, министерот за правда и државен обвинител Џеф Сешенс, амбасадорот во ОН Ники Хејли, советникот за национална безбедност и двајца шефови на персоналот во Белата куќа.

(Д.В.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе