Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Германецот за “fake news” ризикува и затвор

Lukassek/BigStock.com

Германецот за “fake news” ризикува и затвор

Германскиот новинар Клас Релотиус (33) кој од редакцијата на угледниот неделник “Шпигел” (Der Spiegel) доби отказ затоа што призна дека објавувал “fake news” (лажни вести) и написи со целосно или делумно измислени и неточни прилози и информации, сега ризикува да биде и кривично обвинет.

Истрагата, засега, ја води редакцијата и таа во меѓувреме откри дека не е се легално ниту со парите што се собирале од донаторската акција меѓу читателите, за да им се помогне на сириските деца, без родители кои сега се наоѓаат по турските кампови за бегалци. Зад акцијата застанал “Шпигел” затоа што биле користени прилозите кои за децата ги има пишувано новинарот Релотиус, но сега редакцијата има сознанија дека собраните парични прилози завршувале на приватната сметка на новинарот.

Редакцијата соопшти дека има примено десетици писма и пораки во кои новинарот се обвинува и за присвојување на парите. “Шпигел” ја проверува точноста на ваквите обвинувања, но веќе го има известено германското обвинителство дека сите сознанија од нивната интерна истрга ќе им бидат предадени на правосудните власти, за евентуално подигнување и на кривична пријава против овој “fake” новинар.

Досега е познато дека тој има напишано 14 прилози целосно, или делумно невистинити. Во меѓувреме, неговиот фоторепортер кој го следел низ камповите со сириски бегалци, кој инаку постојано работи и живее во Турција, признал дека сите прилози за камповите бегалци, најблаго речено, биле со преувеличување на вистинската состојба и дека повеќе биле лажни, отколку вистинити. Редакцијата открила дека едно девојче кое во написите се појавувало како сестра на детето за кое најмногу и пишувал и барал донација, не постои и дека е целосно измислена личност.

Ситуацијата околу Релотиус и неговата досегашна редакција уште повеќе се усложнила откако реагирала амбасадата на САД во Германија, која побарала поширока и независна истрага, затоа што новинарот, во своите лажни вести ја има инволвирано и американската администрација, како и претседателот Доналд Трамп, кого во своите прилози го има навредувано.

Тој пишувал, за проблемот со бегалците, измислувајќи неточни информации и од границата меѓу САД и Мексико во кои ги оклеветува Американците за работи кои воопшто не се случиле и за постапки кои американските власти не ги практикуваат. Како целосно измислени се и написите за ширење на антимексиканско расположение низ САД, од каде неделникот има објавено лажна фотографија (компјутерска монтажа) од сојузната држава Минесота, каде наводно, се појавиле табли на кои пишувало “Бегајте – доаѓаат Мексиканците”. Сето тоа ставено во рамките на спротивставувањето на германскиот новинар со политиката на претседателот Трамп за изградба ѕид на американско-мексиканската граница.

Редакцијата на овој респектабилен германски неделник изрази жалење за сите овие случувања во кои е вмешан “Шпигел” означувајќи го објавувањето на лажните вести и написи како “дно на весникот во неговата богата и успешна 70 годишна традиција”.

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе