Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Германската војска со државјани на ЕУ?

huettenhoelscher/BigStock.com

Германската војска со државјани на ЕУ?

Главниот инспектор на германската армија, генерал Еберхард Цорн (Eberhard Zorn) изјави дека војската на Германија би можела да се пополнува и со државјани на ЕУ. Во интервју за еден локален весник тој рекол дека станува збор за една од опциите за пополнување на германските вооружени сили со нови луѓе, но дека засега не е ништо одлучено.

“Во услови на недостиг од квалификуван персонал, гледаме и на таа можност, особено што станува збор, пред се, за воени лекари и за ИТ специјалисти, за потребите на војската”

…рекол генералот Цорн. Тој признал дека за идејата, проблемот со недостиг на луѓе да се пополнува со државјани на ЕУ, веќе било разговарано и со другите земји членки на Унијата. Според неговото објаснување, повеќето од функционерите во партнерските држави со кои разговарал реагирале “со претпазливост”. Особено внимателни биле источноевропските членки на ЕУ.

Според Уставот на Германија, војници во армиските сили може да бидат само германски државјани.

Германија планира, бројот на армискиот состав, до 2025 година да нарасне за 21 илјада, а издвојувањето за воениот буџет од сегашните 1,2 отсто од БНП, да се зголеми на 1,5 отсто. НАТО стандардите предвидуваат за потребите на вооружувањето да се одделуваат по 2 отсто од БНП.

Министерката за одбрана Урсула фон дер Лејен, во едно пред новогодишно интервју рекла дека Германија, сега, има 182 илјади униформирани лица, што е 6500 војници и офицери повеќе во споредба со состојбата од пред две години. Таа навестила дека за седум години, германските вооружени сили ќе бројат 203 илјади лица. Во армиските редови, 13 отсто од лугето во сегашниот состав се жени. Оваа година (2018) – еден од тројцата кандидати за офицери, биле жени.

Германија не е единствената земја од Западна Европа која размислува своите армиски сили да ги пополнува со странци.

Во ноември, Британија објави дека повеќе странски државјани ќе може да им се приклучат на армиските сили и без да живеат во Велика Британија. Ваквата мерка се носи за да полесно и побрзо се пополни кусокот од 8200 војнци, морнари и припадници на воздухопловните единици.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе