Поврзете се со нас

Skopje Global

„Балканска кавга“ меѓу Рим и Париз за Да Винчи

Европа/ЕУ

„Балканска кавга“ меѓу Рим и Париз за Да Винчи

markara/Bigstock.com

„Балканска кавга“ меѓу Рим и Париз за Да Винчи

Вистинска кавга во „ балкански стил“ избувна меѓу Рим и Париз околу тоа чиј е прославениот уметник и научник Леонардо Да Винчи- на Италија, каде тој е роден, или на Франција, каде починал и каде и денес се наоѓа неговиот гроб. Поводот за оваа, за земјите од Западот невообичаена расправија, е годинешново одбележување на 500 годишнината од неговата смрт.

Да Винчи освен што Европа и светот го познава како ренесансен сликар, бил и градител и мислител, компонирал музика и важи за сеопфатен изумител, па меѓудругото настојувал да открие како човекот може да лета, или да се движи под водата. Но неговата универзалност и генијалност , пет векови по неговата смрт, се доведува во прашање од две европски држави кои и обете тврдат дека имаат право врз целото негово културно наследство.

На балканскиот простор, речиси редовно, постојат вакви расправии кога станува збор за наследството од познати и помалку познати историски личности и настани, како и за потеклото на научници и мислители, на поети и писатели, воини, цареви и кралеви, револуционери или војводи. Државите во регионот не само што често влегуваат во вакви спорови, претворајќи ги во национални прашања,  туку и свесно ризикуваат да ги расипат своите билатерални односи . Многу ретки се примерите, кога две земји од Балканот , па и од југоистокот на Европа ќе се спогодат за заедничко одбележување на некој историски настан , или за заедничко споделување на определена личност од минатото – било во културата, било во политиката.

Италијанците и Французите одамна ги имаат надминато ваквите ситуации, затоа што  имаат многу нешто заедничко што веке го споделувале во вакви и слични прилики , за да се распрааваат на меѓународната сцена. Оваа година станува збор за  навршената половина милиниум од смрта на Леонардо, а во следната 2020 година,  двете земји ќе се најдат во слична ситуација поради биде таквата годишнина посветена на уште еден ренесансен уметник- Рафаело. Но , актуелните политички прилики, посебно во Италија, откако таму владата е под контрола на популистите од крајната десница ( Лига) и крајната левица ( Движење Пет ѕвезди) , предизвикаа и одбележувањето на годишнината од смрта на еден генијален човек од Ренесансата, да се искористи за политичка пропаганда.

„ Нема да дозволиме некој да го присвојува Леонардо, а особено не , Франција“- има изјавено италијанскиот заменик министер за култура, не прифаќајќи го  договорот што веќе го имаат постигнато француската влада со италијанската од претходниот состав. Популистите во сегашната влада во Рим бараат нови преговори. „ Леонардо е Италијанец , а во Франција само умрел“ – гласи нивниот тврд став.

Леонардо е роден во малото село Винчи, во италијанската провинција Тоскана, а умрел во Франција , каде е закопан во една мала црква во Амброз, каде ги поминал последните три години од својот живот. Во величествениот дворец на брегот на реката Лоара е уреден и неговиот музеј, каде се сместени неговото студио и бројните изуми.

Франција планира да организира 500 разни настани, вклучувајќи и една голема изложба во музејот во Лувр, во Париз, па настојува од секаде низ светот да ги добие на позјамица неговите уметнички дела. За тоа е направен и договорот со претходната влада во Рим, според кој Франција на Италија, следната година, ќе и ги позајми делата на Рафаело, кога ке се одбележува 500 годишнината од неговата смрт. Италија , од своја страна, годината на Да Винчи ќе ја одбележи со изложби во Торино, Милано, Фиренца и во неговото родно село Винчи.

Музеите од двете земји сега се обидуваат да ја смират работата, на европски начин, низ нова рунда разговори и со барање некаков компромис. Но , медиумите во Франција, заговараат за Леонардо и неговата годишнина да се постигне спогодба на државно ниво, што како сега стојат работите, тешко би можело да се изведе.

Расправијата во „ балкански стил“ е само последица на влошените италијанско- француски односи, за што заслуга, пред се,  имаат двајцата водечки популисти во владата во Рим, ултрадесничарот Матео Салвини и левичарот Луиџи ди Мајо. Тие покренаа кавга со Париз околу мигрантите и буџетот на ЕУ. Салвини кој е министер за внатрешни работи и  заговара создавање ултра-десничарска алијанса во Европа, го навредуваше францускиот претседател Емануел Макрон. Ди Мајо кој е еден од владините потпретседатели,  ја обвини Франција дека „продолжува со својата колонијална политика“ во Африка и дека „ заработува на тамошната сиромаштија“ што влијае за миграцијата на Африканците во ЕУ !?

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе