Поврзете се со нас

Skopje Global

Брифинг/Weekly

Европска поддршка за номинациите за Заев и Ципрас

vverve/BigStock.com

Европска поддршка за номинациите за Заев и Ципрас

Лидерите на три политички групи на Европскиот Парламент – на Социјалдемократите, на Зелените и на Обединетата европска левица – заеднички, ги номинираа македонскиот премиер Зоран Заев и грчкиот премиер Алексис Ципрас за Нобеловата награда за мир за 2019 година.

Удо Булман, лидерот на групата на социјалдемократските партии во Парламентот во Стразбур, Ска Келер од Зелените и Габи Зимер од групата партии на обединетата левица и на нордиските зелени, во заедничко соопштение објавија дека ваквиот предлог го даваат за постигнатиот историски мировен договор од Преспа, со кој се затвора долгогодишниот грчко-македонски спор околу името Македонија и со кој се овозможува стабилност во регионот на Западен Балкан.

Според тројцата европски политичари, Ципрас и Заев имале “политичка храброст да инсистираат на постигнатиот договор и покрај противењето на националистите во двете земји”.

Булман, Келер и Зимер го подржуваат предлогот на нобеловката Видеј Бушамуи, премиерите на двете соседни земји да бидат номинирани за Нобеловата награда.

Грчката агенција АНА најавува дека и други европски политичари ќе ја подржат номинацијата на Ципрас и на Заев.

 

Кипар ја поздрави ратификацијата на “Преспа”

— tanaonte/BigStock.com

Кипарската влада соопштила дека го поздравува договорот постигнат во Преспа, означувајќи го како “историско постигнување”. Владата ја поздравила и ратификацијата на договорот во Парламентот во Атина. Во соопштението се вели дека станува збор за одлука со “историско значење”, затоа што целиот тој мировен пакет претставува “голем чекор за нормализацијата на соседските односи во регионот на Балканот”.

Во соопштението на владата во Никозија, што ја пренесува Кипарската новинска агенција, се вели дека Кипар мошне брзо ке ја признае Република Северна Македонија. Оваа островска држава во источниот Медитеран е членка на ЕУ од мај 2004 година.

 

“Црвените марами” против “жолтите елеци” во Париз

— sportpoin74/BigStock.com

Над десет илјади луге, со црвени марами околу вратот, или во рацете и носејќи француски знамиња, излегоа на улиците на Париз за да протестираат против насилството и вандализмот на “жолтите елеци”.

Француската јавност е се повеќе поделена околу односот кон “елеците” кои на улиците на Париз и во некои градови на внатрешноста од Франција, почнаа да протестираат врз социјална основа. Подоцна, тие прерасна во незадоволство од вкупните реформи на владата на претседателот Емануел Макрон, за да на крајот излезе дека имаат политичка основа, барем за нивните предводници. Гневот на јавноста, а посебно на оние кои од почетокот не ги подржуваа нарасна , откако во редовите на “жолтите елеци” се инфилтрираа разни ултрашки групи, пред се, на крајната десница, потоа ултра-левичари, анархисти и насилни елементи на миграцијата, кои излегуваа на улиците само за да предизвикуваат нереди, да подметнуваат пожари и да нанесуваат штети .

Луѓето со “црвени марами” се гневни на “елеците” за тешкото оштетување на Триумфалната Порта во центарот на Париз и се против нивните барања за соборување на владата на Макрон и за нови избори. За контрадемонстрантите, сите политички барања и вандализмот претставуваат злоупотреба на истакнатите социјални барања, кои  добар дел од Французите, на почетокот ги подржуваше.

Протестите на “жолтите елеци” започнаа на 17 ноември, минатата година, по зголемувањето на цените на дизел горивото за автомобилите, што владата го направи за да го дестимулира користењето на дизелот, како една од мерките за почист воздух. Европски и француски медиуми сега веруваат дека зад продолжените протести и покрај укинување на поскапувањето, стои некој од надвор, потикнувајќи незадоволство во јавноста и политичка криза во земјата и при тоа се изразува сомнеж дека во таа работа има и “руски прсти”.

 

Грција се врати на финансиските пазари

Владата на Грција издаде нови, петгодишни обврзници, што претставува  враќање на земјата на финансиските пазари, откако претходно ги исполни трите програми за финансиска помош – јавуваат атинските медиуми. Нивната доспеаност за наплата е во 2024 година, а се очекува, преку оваа голема операција, владата на премиерот Алексис Ципрас да обезбеди  за домашната економија и за земјата, две до три милијарди евра.

Издавањето на обврзниците е во аранжман на низа угледни светски банки – Банк оф Америка, Мерил Линч, Голдман Сакс, ХСБЦ, Џ.П.Морган, Морган Стенли, како и Сосиете Женерал.

Европската комисија во Брисел изразила задоволство од оваа операција на грчката влада, што се оценува како доказ за заздравувањето и опоравувањето на земјата. Во 2010 година, Грција доживеа финансиски слом и за да не се соочи со целосен крах, мораше да прифати три, ни малку лесни, програми за помош и за санација на нејзините финансии, што завршија успешно во август 2018 година.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Брифинг/Weekly

Горе