Поврзете се со нас

Skopje Global

Карл Маркс “настрада” во Лондон

Брифинг

Карл Маркс “настрада” во Лондон

Kamira/BigStock.com

Карл Маркс “настрада” во Лондон

Гробот и споменикот на германскиот филозоф Карл Маркс во Лондон, сериозно е оштетен во вандалски напад на непознати лица – соопшти управата на гробиштата Хајгејт. Најтешко е оштетена мермерната плоча со имињата на сите кои се погребани во семејната гробница на Маркс, како и делот од споменикот на кој е испишано неговото име со основните податоци за годините на раѓањето и смрта.

Претставник на управата на гробиштата изјавил за лондонските медиуми дека нападот, најверојатно со тешки метални шипки, бил намерно насочен кон имињата, а на пример, не се оштетни делови од споменикот на кој е познатата парола- Пролетери од сите земји, обединете се, ниту неговата биста.

Маркс авторот на “Капитал” избегал од родната Германија, стравувајќи за својата безбедност и сигурноста на неговото семејство и се населил во Лондон. Таму живеел 30 години, каде и умрел во 1883 година. Првично бил погребан во гробот на неговата сопруга, но во 1956 година, на иницијатива на КП на Велика Британија, на гробиштата Хајгејт, во северниот дел на британскиот главен град, била определена нова и поугледна локација, каде била уредена гробница за целото семејство и бил подигнат негов споменик во негова чест.

Ова не е прв пат да биде нападнат и оштетен споменикот на Маркс, но според управата на гробиштата, на неговиот гроб речиси секојдневно посетители на гробиштата, оставаат свежо цвеќе.

Мадуро префрла во странство 1,2 милијарди долари?

Лидерот на опозицијата во Венецуела и претседател на Парламентот Хуан Гуаидо, го обвини Николас Мадуро дека се обидува “тајно, во Уругвај да префрли 1,2 милијарди американски долари” од државните фондови на земјата, но нема дадено други детали, ниту докази за ваквото обвинување.

Во истовреме, Мадуро преку руските медиуми тврди дека опозицијата, помогната од странство сака да предизвика “граѓанска војна” во оваа јужноамериканска земја.

Во едно интервју, тој ги предупреди САД дека доколку употребат сила за неговото тргање од власта, ризикуваат да предизвикаат “латиноамерикански Виетнам”. Гуаидо, меѓутоа, ги отфрли ваквите изјави на Маидуро како “измислици и плашење на народот”. Според него, не постои никаква основа за граѓанска војна.

Гуаидо кој се прогласи за привремен претседател на земјата, непризнавајќи го новиот мандат на Мадуро што започна минтиот месец. Тој победи на изборите минатата година што беа означени како нефер и недемократски. Привремениот претседател Гуаидо сега го признаваат во САД и Канада, потоа најмалку 17 земји на ЕУ, како и најголемиот број латиноамерикански држави, вклучувајќи ги сите соседи на Венецуела.

Од земјите на ЕУ, Италија соопшти дека чека да види како ке се развива ситуацијата, додека Грција и Ирска побараа нови претседателски избори во Венецуела, но не се изјаснија околу Гуаидо. Меѓу земјите кои него го признаваат за привремен претседател е и Македонија.

Тереза Меј не сака тргање на backstop

Британскиот премиер Тереза Меј во Белфаст каде беше на разговори околу Брегзит, изјавила дека не сака “бекстоп” да се тргне од постигнатиот договор со ЕУ, кој се уште не може да добие подршка за да биде ратификуван во британскиот Парламент.

“Ние сакаме измени на бекстоп и се трага по алтернативни решенија, но владата не сака да го тргне од договорот за Брегзит” – рекла Меј.

Таа клаузула од договорот меѓу Лондон и Брисел за напуштањето на ЕУ е определена за да гарантира дека на островот Ирска нема одново да има “цврста граница”. На можноста од враќање на граничната контрола се гледа и како на закана за опстанокот на историската мировна спогодба од Велики петок од 1998 година.

Во текот на својата работна посета на Скопје, против тргањето на оваа клаузула зборувала и ирската министерка за европски прашања, според која мировната спогодба од пред 21 година никако не смее да се доведе во прашање.

Премиерот на Ирска Лео Варадкар во среда, на 6 февруари ке престојува во Лондон, додека Меј во четврток, на 7 овој месец, треба да биде во Брисел на разговори со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.

 

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Брифинг

Горе