Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Прва миса на папа во Абу Даби

softdelusion/BigStock.com

Прва миса на папа во Абу Даби

Папата Франциско престојуваше во тридневна посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и за прв пат на Арабискиот Полуостров, во рамките на која, во Абу Даби се одржа и првата во историјата миса на еден поглавар на католичката црква во овој дел од светот.

Околу 130 илјади луѓе се собраа на мисата, на отворено, на стадионот “Зајед” во главниот град на Емиратите, дојдени од разни страни во светот, меѓу кои велат имало и над четири илјади муслимани. Најголем број од католичките верници на мисата беа од Филипините и од Индија, како и државјани на низа европски земји и од САД и Канада, кои работат и живеат во ОАЕ . Проценките се дека на Арабискиот Полуостров живеат околу два милиони католички верници – доселеници, од кои половината се во Емиратите.

Во текот на својата историска посета, Франциско промовираше меѓуверска толеранција и дијалог меѓу различните религии, што го прави многу често, особено кога престојува во земји со “измешани” религии. Во рамките на посета која домаќините ја третираа како посета на странски државник, папата се сретна со државниот врв на ОАЕ, а имаше средба и со големиот имам на египетската џамија Ал Азхар.

Папата во своите настапи ги осуди верските војни и воените судирања во името на религијата. Посебно ја осуди сегашната војна во Јемен, во која војуваат муслиманите сунити и шиити, а притоа страда цивилното население кое веке неколку години е изложено на воздушни напади, на разни болести и на глад, поради неможноста да им се дотурат храна и најнеопходните лекови, но многу често затоа што завојуваните страни тоа не го дозволуваат.

Франциско се заложи и за поголема соработка меѓу христијаните и муслиманите.

Верниците дојдени на историската миса во Абу Даби им изјавиле на западните, но и на локалните медиуми дека присуството на мисата и можноста да го видат папата за нив ке биде еден од најважните настани во животот. Католичките верници веруваат дека папата е пратеник на Исус Христос на земјата, па затоа и секоја средба со него се доживува како настан кој не може да се заборави.

Папата Франциско кој важи за поглавар на католичката црква кој многу често е на патување по светот, во почетокот на мај ке престојува на Балканот – во втора посета на Бугарија и за прв пат во Македонија, во Скопје, како што е речено, во посета на родниот град на светицата Мајка Тереза.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе