Поврзете се со нас

Skopje Global

Брифинг/Weekly

„Ербас“ се откажа од својот џамбо А-380

Foto VDW/Bigstock.com

„Ербас“ се откажа од својот џамбо А-380

Најголемиот европски производител на патнички авиони „Ербас“ соопшти дека престанува со производството на најголемиот авион во светот, двокатниот А-380. Последниот ваков авион ќе излезе од производните хали до крајот на 2021 година, а како причина за ваквата одлука се споменуваат тешкотиите при продажбата на овој модел на „Ербас“.

Авионската компанија „ Емирати“ ја намали својата порачка за двокатните авиони, а компанијата признава дека нема многу нови порачки , па затоа е оценето дека нема економска основа европскиот производител да продолжи со производството.

Одлуката претставува удар врз „Ербас“ и неговиот престиж, а во истовреме претставува потстрек за малку разнишаниот „ Боинг“ . Се веруваше дека А-380 ке го потисне новиот проект на американскиот конкурент за изградба на „ супер-авион“ и ќе предизвика револуција во авионскиот сообраќај. Но авионските компании се покажаа многу претпазливи при нарачките за овој европски модел.

Двокатниот А-380 е скап авион, а освен тоа и преголем за најголемиот број аеродроми во светот. За да може да слетува насекаде, неопходно е доградување на пистите за слетување и полетување, како и приспособување на аеродромските терминали. Моделот се појави во 2008 година и авионот може да прими до 500 патници.

Гуаидо се обучувал во Србија?

Амбасадорот на Венецуела во Русија тврди дека лидерот на венецуелската опозиција и претседател на Парламентот, Хуан Гуаидо бил обучуван во Србија ! Не кажал за што , но во обраќање во руската Дума ( Парламентот) амбасадорот рекол дека Гуаидо е „ малку повеќе од марионета на САД“ како и дека „ бил пратен во Србија на обука“.

Амбасадорот зборувал дека лидерот на венецуелската опозиција уште пред десет години бил регрутиран ( од Американците) , по што бил „ испратен во Србија за да учи “ , забележувајќи дека „ од таму сето почнало“ , без да каже повеке детали на што навистина мисли. Рекол само дека САД се измамиле кога помислиле дека Гуаидо е подготвен за задачата што му била дадена. Од тогаш, Американците го користеле како „ марионета“ за нивните потреби.

Венецуелскиот дипломат уште порачал дека „ привремен претседател“ не постои во Уставот на земјата, па неговото прогласување на една таква позиција било измама за меѓународната јавност. Амбасадорот, сепак, признал дека Венецуела и Николас Мадуро имаат направено „ многу грешки“  но дека тој не е виновен за сегашната кризна ситуација во оваа јужноамериканска земја.

Амбасадорско писмо до Тереза Меј

Четириесет поранешни британски амбасадори испратија отворено писмо до премиерот Тереза Меј во кое бараат од неа да го продолжи определениот датум за излегување на Британија од ЕУ.

Во писмото, што е објавено во „ Тајмс“ тие велат дека сега е најдобро да се одложи Брегзит, за извесно време, во кое би се договориле условите за идните односи меѓу Британија и Унијата , или пак , ако тоа не помине, да се организира втор референдум, на кој гласачите ке одлучат дали веќе склучениот договор на владата и Брисел , од ноември, е добар или штетен за земјата.

Според од порано направениот план, Британците треба да излезат од ЕУ на 29 март, на полноќ по европско време. Но доколку до тогаш, Парламентот во Лондон не го потврди договорот на Меј со ЕУ ( што Европејците веке го имаат прифатено) тогаш британскиот премиер ке мора да се определи за само две опции – да го одложи Брегзит, или да излезе од ЕУ без договор. Втората опција , меѓутоа,  се смета дека е опасна токму за Британија и за нејзината пета по моќ економија во светот, која тогаш би се нашла во хаотична сосотојба.

Меј , сепак, продолжува да се спротивставува на предлозите за одлагање на Брегзит, а против тоа и натаму се крајната десница во нејзината Конзервативна партија и тврдите брегзитери, кои продолжуваат да ја уверуваат јавноста дека предупредувањето за „ хаос во случај на no deal” претставува само „ плашење на народот“.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Брифинг/Weekly

Горе