Поврзете се со нас

Skopje Global

Трендови + Општество

Салман Ружди : Повеќе не сакам да се кријам

studiof22byricardorocha/Bigstock.com

Салман Ружди : Повеќе не сакам да се кријам

Светски познатиот писател Салман Ружди (71) ,  муслиман од Индија, кој 20 години живее во Њујорк, го сметаат за најголемиот индиски писател, по Рабиндрант Тагоре. Досега има објавено 18 свои дела, но сепак , тој беше и остана најмногу познат по книгата „ Сатанските стихови“ . Таа го направи да биде  славен во целиот свет, но и придонесе од корен му се измени животот,  предизвикувајќи  три децении да живее во страв дека во секој момент може да биде убиен.

Неговиот живот се има изменето на 14 февруари 1989 година , кога тогашниот ирански верски водач, ајатолахот Хомеини издаде фатва ( наредба до муслиманите за смртна казна) за писателот Ружди, прогласувајќи ја неговата ( во светот величана )  книга – за „ богохулство“ и за тешка навреда на исламот. Фатвата значеше дека секој муслимански верник , од било кој дел на светот, може да го  убие „ богохулникот“  и при тоа да се смета себе си  за невин, за она што го има сторено , затоа што според верувањето, тој  само ја извршил „ божјата казна“ за еден неверник.

Живот со друг идентитет

Од тој момент, Ружди повеќе не ќе може да се радува на неговиот успех како автор и писател, ниту да се движи слободно каде сака и да се среќава со лугето кога тоа ќе го посака. Наместо да води нормален живот на слободен човек, тој ќе стане „ прогонуваниот писател“ кој  ќе мора  постојано  да биде во „ илегала„ – сокривајќи се и живеејќи под лажно име, честопати и со изменет лик и секогаш со полициска и безбедносна заштита . На тој начин Ружди ќе мора да помине цели 13 години, како да е во затвор,  затоа што  фатвата на иранскиот ( шиитски) верски водач секоја година била обновувана, иако во тоа меѓувреме Хомеини се разболе и почина.

Потестувајќи се деновиве на тие за него мачни и тешки години, авторот на „ Стиховите“ во едно интервју има речено- „Повеќе не сакам да се кријам“ . Притоа,  открил  дека во Њујорк  се движи слободно, без заштита  и дека користи дури и подземна железница . Но , за време на својот престој во Европа, во Париз, сепак,  имал постојана придружба од двајца полицајци  – на барање на неговиот француски издавач.

Ружди сега раскажува дека лажното име престанал да го користи после терористичките напади од 11 септември 2001 година, но тоа го направил цели три години по изјавата на тогашниот ирански претседател Мохамед Хатами дека фатвата повеќе не важи. Лугето околу него , неговите најблиски, како и безбедњаците, едноставно,  биле претпазливи. Не сакале да избрзат со излегување од „ илегалата“  и да ја прифатат претседателската изјава како здраво-за готово , па одлучиле да чекаат и да видат што ќе се случува по изјавата на овој либерален ирански политичар.

Нивната логика тргнувала од тоа дека изјавата на претседателот е една работа, но дека во Иран работите не се според оној ред , каков обично постои во сите други земји. Од иранската изламска револуција, од  февруари 1979 година, со Уставот на државата е определено дека  над шефот на државата е врховниот верски водач. Така е уредено уште од времето на Хомеини, така беше и кога Хатами беше претседател, а така е и денес.

Фатвата не е повлечена

Уште повеќе што  наследникот на Хомеини, ајатолахот Хамнеи не ја имаше потврдено изјавата на Хатами. Ниту до денес,  сегашниот верски водач  ја нема официјално повлечено фатвата што беше изречена пред 30 години. Тоа значи дека се уште постои заканата оти  некој ортодоксен муслиман, или фундаменталист, би можел  да се повика на издадената „ наредба за казнување на неверникот“ и да ја спроведе.

Салман Ружди не сака да верува во тоа и порачува дека нема повеќе да се крие. Според него , многу работи во светот, во муслиманскиот свет, па и во самиот Иран се имаат променето. Освен тоа, кога книгата „ Сатански стихови“ се појави , на исламот не се гледаше на оној начин на кој се гледа денес- рекол во едно интервју авторот- забележувајќи дека книгата не религиска, а уште помалку антисламска или дека претставува богохулство. Ружди смета дека и во она време , но дури и сега од некои луге,  романот се толкува сосема погрешно, затоа што , во основа , во книгата станува збор за мигранти од Јужна Азија кои живеат во Лондон.

Како и да е, можеби во денешно време, не би била изречена фатва, но познавачи на ситуацијата во литературата , а посебно во политиката и во опшеството, сметаат дека сега никој не би напишал книга каква што е „ Сатанските стихови“ – а уште помалку би се нашол некој да ја издаде.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Трендови + Општество

Горе