Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Прв пат жена за амбасадор на Саудиска Арабија

Фото: Рема Бинт Бандар-ал Сауд. (c) swisshippo/BigStock.com & World Economic Forum/Boris Baldinger used under CC BY / cropped from original

Прв пат жена за амбасадор на Саудиска Арабија

Саудиската принцеза Рема Бинт Бандар-ал Сауд е првата жена во историјата на Саудиска Арабија која е именувана за амбасадор. Со кралски декрет принцезата е поставена да раководи со дипломатската мисија на оваа арапска земја во Вашингтон.

Нејзиниот татко до 2005 година беше саудиски амбасадор во САД, откако на таа позиција остана 22 години. Голем дел од своето детство и младоста, принцезата-амбасадорка го им поминато во американскиот главен град, каде се школувала. За неа се верува дека иако прв пат влегува во дипломатијата, како амбасадор, таа нема да биде неискусна во објавувањето на функцијата, не само затоа што долго време живеела во САД додека таткото преку две децении, уште од 1983 година, бил шеф на мисијата, туку и затоа што по враќањето во Ријад има работено на разни функции во јавните служби, но и во приватниот бизнис.

Во биографијата и се споменува нејзиното управување со британската трговска компанија “Харви Николс” во филијалата во саудискиот главен град, како претседател на извршниот одбор на компанијата. Таа се опишува како силен заштитник на правата на жените во оваа најконзервативна, арапска вахабитска земја. Таа јавно заговара повеќе права за тамошните жени, пред се, преку нивното вклучување во рекреациите и во спортот.

Именувањето на принцезата Рема за амбасадорка во САД, доаѓа во тешко време за саудиското кралство кое се соочува со политичка изолација во поголемиот дел од меѓународната јавност, откако под се уште целосно неразјаснети околности, во саудискиот конзулат во Истанбул беше убиен публицистот и новинар, Џамал Кашоги, силен критичар на крунскиот принц Салман, син на кралот на Саудиска Арабија.

Принцот за кого велат дека, практично, управува со монархијата, е осомничен дека наредил да биде грабнат Кашоги од Турција, каде престојувал како дисидент, но дека во таа операција тој бил убиен. Во Ријад остро се отфрлаат обвинувањата против младиот принц и се објаснува дека не станува збор за нарачано убиство, туку дека ”работите околу Кашоги излегле од контрола”, како и дека за неговата смрт веке има обвинето петмина Саудијци.

Принцот се обидува да се покажа како модернизатор кој овозможи Саудијките, да добијат прво, право да може да седат на предните седишта од автомобилите, покрај своите сопрузи или најблиски, а потоа и да може да поседуваат возачки дозволи и самите да возат. Најави и отпочна и пресметка со корупцијата, но се покажа дека во таа пресметка, со разни обвинувања и со апсење, се обидувал да ги елиминира сите принцови кои би можеле да се појават како претенденти на саудискиот престол.

Официјален Ријад сега настојува по секоја цена да го амортизира силниот притисок од аферата ”Кашоги” и да ја поправи сликата за принцот Салман. Особено откако во САД се покрена кампања за детална истрага околу смртта на новинарот, посебно што тој имаше и американско државјанство и пишуваше за ”Вашингтон Пост”, а Белата куќа одлучи да ги прифати наодите на саудиската истрага за убиството.

Се верува дека ”историската одлука” една Саудијка, без разлика што таа има титула принцеза, да биде поставена за амбасадор, е дел од политиката за поправање на сликата за Саудиска Арабија.

(С.Г.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе