Поврзете се со нас

Skopje Global

Брифинг/Weekly

Литванија го осуди генерал Јазов

maximkabb/Bigstock.com

Литванија го осуди генерал Јазов

Судот во Вилнус, во Литванија, го осуди во отсуство на 10 години затвор, поранешниот советски министер за одбрана, генерал Дмитри Јазов, за воени злосторства, како што е речено. Тој е прогласен за виновен затоа што советските војници, кои како дел од армијата на СССР  биле во надлежност на министерот,  употребиле оружена сила при задушувањето на литванското движење за независност во 1991 година. Тоа е времето кога оваа, сега  независна балтичка држава, беше една од поранешните републики на Советскиот Сојуз.

Јазов кој сега има 94 години беше еден од 67-те обвинети, сите поранешни воени функционери  и офицери на тогашниот СССР. Судењето во Вилнус траеше три години,  а Русија уште од почетокот одби да соработува во процесот, што и на почетокот и на крајот го означи како „антируска провокација“  и го прогласи за „правно илегален “.

Поранешниот советски лидер и прв и последен претседател на Советскиот Сојуз , Михаил Горбачов ( 88) одби да се појави на судењето во својство на сведок .

Литванија беше првата советска република која уште во март 1990 година прогласи независност . СССР формално се расформира во 1991 година . Во јануари таа година , советските војници убија 14 цивили во текот на нападот врз државната телевизиска станица во Вилнус и врз телевизиската кула . Околу 700 лица беа повредени .

Донација за „ чистење “ од нацистичкото минато

Германското семејство Рајнман , кое важи за едно од најбогатите во Германија  и кое го има контролниот пакет акции во низа познати компании од прехранбениот и услужниот сектор , соопшти дека ќе донира десет милиони евра за хуманитарни цели , откако членовите на семејството откриле дека нивните предци  биле „ запалени “ нацисти и подржувачи на Адолф Хитлер и неговата нацистичка идеологија и политика .

Откритието за мрачното минато на семејството доаѓа по појавувањето на низа документи во медиумите во Германија , САД и Франција од кои се гледа дека Рајман сениор , дедото на сегашната генерација и Рајман јуниор , таткото на некои од сегашните членови на семејството , користеле  руски цивили и француски воени заробеници како присилни работници добени од нацистичката власт за унапредување на нивниот бизнис . Документите откриваат  дека давале пари и за финансирање на злогласните „ заштитни одреди “  на режимот на Хитлер , познати како СС единици .

Претставник на семејството изјавил дека таквите сознанија биле потврдени и од интерната истрага што ја спровело семејството . „ Таткото и синот Рајман се виновни и заслужуваат да бидат затворени , доколку беа живи “ – се вели во изјавата на семејството . Најстариот Рајман е умрен во 1954 , а неговиот син , наследник, починал во 1984 година , никогаш не откривајќи го своето нацистичко минато .

Ѓукановиќ ги налути Палестинците

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ беше во посета на Израел , каде имал средба и разговори и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху . Во текот на престојот , Ѓукановиќ службено го посетил и Источен Ерусалим , што предизвикало гневна реакција на Палестинците .

Тие се лутат што тој бил во „ службена посета„ на источниот дел од овој  град, што палестинскат власт го смета за главен град на идната , независна , држава Палестина , што сега е  „воено окупиран “ од израелската армија . Според палестинските власти , таквата ситуација „ не му дава на Израел никаков легитимитет врз градот“ . Палестинците инсистираат дека Ерусалим е дел од она што тие и меѓународната заедница го третираат како „ окупирана територија“ по шестдневната арапско-израелска војна од јуни 1967 година.

Телепатски против Брегзит

Познатиот израелски илузионист и магионичар Ури Гелер, се огласи преку социјалните мрежи со порака до британскиот премиер Тереза Меј , во која ја известува дека тој ќе го спречи Брегзит – со телепатија .

„ Многу силно , физички , чувствувам дека мнозинството Британци не го сакаат Брегзит и излегувањето на земјата од ЕУ “ – рекол Гелер , кој на Меј и рекол дека има високо мислење за неа , но дека тој нема да дозволи да ја одведе Британија надвор од Унијата . „ Телепатски ќе ве спречам во вашата намера да ја одведете земјата надвор од ЕУ и верувајте , подготвен сум да го направам тоа “ – порачал Израелецот.

Гелер (72) живее во Израел , но е и британски државјанин , од времето кога живееше во Британија. Во пораката до британскиот премиер вели дека тој и натаму им останал приврзан на Британија и на Британците . Тој тврди дека предвидел оти Меј ќе стане премиер , како и дека Доналд Трамп ќе биде американски претседател . Медиумите потсетуваат дека во времето кога беше „ популарен и нашироко познат“ , неговите телепатски способности ги користеле и тајните служби – израелската Мосад , британската МИ6 и американската ЦИА.

Како сега стојат работите , Британија до средината на април , сепак , ќе излезе од ЕУ и тоа најверојатно со најлошата варијанта за Британците – без никаков договор со Унијата , па е прашање дали тоа ќе може да го спречи и еден Ури Гелер .

Би-Би-Си му плаќа отштета на Порошенко

Британското Би-Би-Си прифати да му исплати отштета од 400 илјади долари на актуелниот претседател на Украина , Петро Порошенко , без да се оди на суд.

Британската медиумска компанија ја прифати својата вина за погрешно објавената информација дека Порошенко има примано пари од контроверзниот американски адвокат, Мајк Коен,  кој му беше адвокат и на  претседателот на САД, Доналд Трамп. Кога информацијата прв пат се појави, предизвика бурна реакција во украинската јавност и разочарување во меѓународната, но беше примена со задоволство во Русија.

Подоцна се покажа дека станува збор за неточна и лажна вест, на која има наседнато дури и еден угледен медиум каков што е Би-Би-Си. Адвокатот Коен е осуден од американскиот суд за лажно сведочење и треба да почне да ја издржува затворската казна.

 

 

 

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Брифинг/Weekly

Горе