Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Мексико бара извинување за Кортес

billperry/Bigstock.com

Мексико бара извинување за Кортес

Шпанскиот конквистадор Кортес и неговите осовјувачки походи на американскиот континент, од почетокот на 16 век, станаа повод за необичната расправијата меѓу Мексико и Шпанија, половина милениум подоцна.

Старите рани, како што велат мексиканските медиуми, од далечното минато и времето на освојувањето на територијата на денешно Мексико, сега се отворија откако мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, јавно побара извинување од Мадрид, но и од Ватикан, за како што вели, злосторствата што  ги имаат извршено  шпанските освојувачи уште  од пред 500 години.

Според медиумите, неколкувековната шпанска доминација во Новиот свет, спроведувана и одржувана со силна подршка на католичката црква, од подзаборавената историја, се најдоа во политиката на денешното време, откако се откри дека претседателот Обрадор ги повикал шпанскиот крал Филип Шести и папата Франциско, да се извинат за освојувачките походи, за угнетувањето и за кршењето на човековите права.

„Имало колежи и поробување. Освојувањата биле извршени со меч и со крст, се граделе цркви врз храмовите урнати од освојувачите. Сега е време за помирување, но тоа може да уследи откако ќе се добие извинување“ – рекол мексиканскиот претседател.

Не се знае реакцијата на Светата столица и на канцеларијата на папата, инаку Јужноамериканец, ниту пак се знае дали таа воопшто ќе уследи. Но, шпанската влада остро ги отфрли ваквите барања на Обрадор кој од неодамна е на претседателската функција. Според официјален Мадрид , сосема е погрешно јавно да се прозива шпанскиот крал за состојби од далечното минато на американскиот континент .

„Доаѓањето на Шпанците на денешната територија на Мексико не може да се оценува и да се суди според денешните меѓународни стандарди“ – стои меѓудругото во официјалното соопштение на шпанската влада .

Поводот за целиот овој случај е одбележувањето на 14 март од 1519 година , кога конквистадорот Кортес со само помалку од илјада свои војници ја разурнал , како што вели сега мексиканкиот претседател , дотогаш силната и богата држава на Ацтеките , од кога започнало и над 300 години долгото шпанско владеење .

Историски , културолошки , па и гастрономски , Мексиканците се мешавина на Стариот и на Новиот свет . Според официјалните мексикански податоци , дури 98 отсто од населението се комбинација од староседелците , европејците  и африканците .

Американскиот континент ( Новиот свет) е откриен во 1492 година , со истражувачкиот поход на Кристофер Колумбо, подржан и финансиран од тогашната шпанска круна .

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе