Поврзете се со нас

Skopje Global

“Црни точки” на загаденоста во Европа

Трендови + Општество

“Црни точки” на загаденоста во Европа

digitalista/BigStock.com

“Црни точки” на загаденоста во Европа

Големите европски градови, задушени од густиот сообраќај, потоа подрачјата во кој се копа јаглен, како и големите индустриски центри, посебно оние опкружени со планини се “црните точки“ на европската карта за квалитетен воздух, покажуваат најновите податоци на Европската агенција за човекова околина (ЕЕА) и на организацијата Гринпис.

Според нивните анализи, десетици милиони Европејци се изложени на висок степен загаден воздух, над нивото што го дозволува Светската здравствена организација (WHO). Експертите, меѓутоа, признаваат дека реално, не е можно да се изработи една апсолутно прецизна класификација на најзагадените локации.

Сепак, издвоени се три зони кои се прогласени како најзагадени – првата е долината на реката По, во Италија, втората е областа со јагленокопи и централи во Полска и големите градски подрачја низ Европа.

Предвремена смрт

На картата што ја има изработено ЕЕА, текот на реката По е во најголем дел опкружен со високи планини кои го попречуваат струењето на воздухот, па северот на Италија на многу локации е означен како “црвена зона“ или како проблематично подрачје, кога станува збор за чистотата на воздухот што го дишат луѓето.

Според целосно уредените податоци на оваа европска агенција, неколку градови во овој италијански регион, се ставени на врвот по нечистиот воздух, или како стои во податоците, според честичките кои лебдат во обем од 2,5 микрометри.

За нив се вели дека се одговорни за предвремената смрт на околу 390 илјади Европејци, од кои само во Италија таа бројка изнесува 60 илјади.

Градот Падова е прв, според загаденоста со 30 микрограма на метар квадратен, па потоа се Милано и Торино. Максимално дозволеното ниво во земјите на ЕУ не смее да ја премине границата од 25 микрограми на квадратен метар. Градот на модата (Милано) и Торино се соочуваат и со уште еден рекорд – тие се најзагадени и кога станува збор за озонот и за јаглен двооксидот.

Заканата од јагленот

Југот на Полска и посебно областа Шлезија и нејзината поширока околина е втората голема “црна точка“ по загаденоста на европскиот континент.

Таквата состојба се објаснува со работењето на големите термоелектрични централи (ТЕЦ) и начинот на кој се греат луѓето во тој дел од земјата, а тоа се јагленот и дрвото.

Кога станува збир за честичките ПМ 2,5 градот Краков е вториот најзагден град во Европа, каде просекот на годишно ниво, на загаденост изнесува 38 микрограми на квадратен метар. Веднаш за Краков е Катовице, поради низата од термоцентрали и индустриски капацитети од тешката индустрија кои го користат јагленот.

Според податоците на Гринпис, во еден извештај за 2018 година, за кој е користен еден друг систем на мерење, Катовице и уште ден друг град, се меѓу десетте европски најзагадени градски локалитети.

Овој полски град, се соочува и со далеку над толерираниот просек на загаденост со јаглен двоооксид, кој овде изнесува над 50 микрограми по квадратен метар.

Задушени градски центри

Во извештајот на ЕЕА се посочува дека сите големи европски градови се соочуваат со висока загаденост на воздухот во нив која потекнува од разни причини, но пред се, од густиот сообраќај.

Гринпис тврди дека во 2018 година, бугарскиот главен град – Софија, била најзагадена на европскиот континент и на 21 место на ранг листата на најзагадените во светот. Потоа следуваат Варшава и Букурешт, па кипарскиот главен град Никозија, па Прага, Братислава, Будимпешта, Париз и Виена.

Европската агенција, од своја страна, открива дека последните три години забрзано расте загаденоста на воздухот (од густиот сообраќај) во Варшава, Софија, Загреб и Атина. Тоа се објаснува со застарениот возен парк, високиот процент стари автомобили кои ги користат возачите, но и енергетскиот состав кои главно се темели на јагленот, кога станува збор за начинот на греењето на населението и горивото што го користат топланите.

Ваквата ситуација, поради овие причини, е најприсутна во Средна Европа.

Големите градови во Западна Европа, пак, главно се задушени од густината на сообраќајот, иако квалитетот на возилата и процентот на оние кои се означени како еколошки чисти е многу повисок, отколку на Истокот од континентот. Некои градови, како Лондон, на пример, се посочуваат како загрижувачко загадени, со 89 микрограми на квадратен метар.

Веднаш до британскиот главен град е Париз, па потоа следат Минхен и Штудгард, Марсеј и Лион и Атина и Рим.

Озонски проблеми

Југот на континентот, каде има многу повеќе сонце и сончеви денови отколку во другите делови од Европа, е жртва и на озонот. Тој настанува поради хемиската реакција која се создава меѓу загадувачите на воздухот и сончевата светлина.

Најголема концентрација на озон, многу често, се регистрира во деловите од Медитеранот, посебно во крајбрежниот појас, но и во внатрешноста и тоа во пролетните месеци и во текот на летото.

Овие региони и онака се загадени од премногу густиот сообраќај во градови неприспособени да ја примат се поголемата река од автомобили, па затоа најмногу “озонирани“ се Италија и градовите Џенова, Милано и Парма, потоа Шпанија и пред се главниот град Мадрид, како и Грција, а најмногу Атина.

( С.Г.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Трендови + Општество

Горе