Франциско побара да си подадеме рака
Папата Франциско престојуваше во еднодневна посета на Скопје и Македонија, како прв поглавар на Католичката црква кој престојувал во нашата држава и колку што се знае, како првиот папа кој било кога досега, воопшто, престојувал и на територијата на географска областа Македонија. Тоа направи ова да биде вистински историска посета.
Првично, таа беше најавувана како посета на земјата и пред се, на градот каде е родена Мајка Тереза, која токму овој папа ја прогласи за светица. Но, Франциско кој освен што е верски поглавар на 1,2 милијарда католички верници, во исто време е и шеф на државата Ватикан, па во Скопје, на неговиот најголем плоштад, иако одржа миса, а се сретна и со државниот врв на Македонија, сепак, неговите основни пораки до верниците и до сите неколку десетици илјади дојденци, специјално за оваа прилика од внатрешноста на Македонија, како и од Албанија и Косово, од Хрватска, Словенија, БиХ и Црна Гора , па дури и од Србија и Грција , од Италија и Шпанија , но гости и од САД, Кина, па дури и од Бразил – не беа ниту изразито религиозни, ниту државнички и политички.
Мир и помирување
Папата зборуваше за состојбата со нарушенте општествени вредности , за отуѓеноста на младите кои поведени од лажната слика што ја нуди најсовремената технологја за комуникација , преполна со дезинформации , со измислени вести, ги прави да станат податливи жртви на лакомоста, за изнасилените и нереални човекови амбиции, што ги прави депримирани и незадоволни , целосно отуѓени од обичните вредности на човекот кои ги почитуваа постарите.
Папата зборуваше многу и за мирот и за помирувањето, за слогата и меѓусебното почитување, за толеранцијата која помага да се дојде до компромиси без кои не се може. А , тоа се работи кои ни недостасуваат овде, кај нас во Македонија, во секојдневното комуницирање на лугето и посебно , во политичкиот живот, исполнет најчесто со распалени политички страсти , со груб јазик и јавни дисквалификации. Тие работи уште повеќе му се потребни на регионот во кој е нашатата држава, каде се уште на цена се омразата, национализмотот и продавањето на евтиниот и лажен патриотизам, каде заканите и јавните навреди на цели народи се сметаат за „ храброст“ , па знаејќи го тоа многу добро, папата во еден момент побара од сите на скопскиот плоштад да си подадеме рака.
И еден добар дел од присутните, кои според знамињата на сопствените држави со кои беа нагрнати, или кои ги имаа со себе,беа од разни страни, без да се знаат и да се познаваат, се погледнаа за момент и почнаа да си подаваат рака. Не беше тоа последица на божја сила, не ги натера никој, ниту папата кого најголемиот дел од домашните луге за прв пат го гледаа од толку блиску, можејќи дури и да се поздрават со него. Ги натера човечното во нив, кое сепак го имаме, но изгледа дека овде на Балканите е длабоко скриено и потиснато.
Регион на конфронтации
Можеме ли тогаш, сите ние, прво ние овде во Македонија да си подадеме рака, еден на друг? А, потоа, може ли тоа да се случи и во регионот што сега се означува како Западен Балкан. Тоа парче од европскиот континент остана последно надвор од ЕУ, пред се, поради сето она зло што се уште го носиме во себе, поради омразите и нетолеранцијата, надвор од европските интеграции, иако овде се создавале старите цивилизации и култури, а мисионерите од тие времиња и тогаш ги промовирале истите вредности што во Скопје го промовираше Франциско. Впечаток е дека според она што се случи на скопскиот плоштад – дека можеме.
Можеме, секако, да си подадеме рака , за да живееме сложно, цивилизациски, едни покрај други, без разлика на разликите ( национални и религиски ) што ги имаме, па без оглед дали тоа ќе биде од христијански побуди, или едноставно од човечки, зато што вечно, трајно остануваме да живееме едни покрај други. Но, засега ( за жал) тоа поминува само во вакви прилики, кои се ретки, како посетата на еден папа кој упорно, секаде, каде оди за да промовира мир и разбирање, толеранција и меѓусебно почитување.
Без средба со МПЦ
Во Скопје, Франциско не се сретна со архиепископот на МПЦ Стефан, ниту во приватна аудиенција, без присуство на јавноста . Уште од порано беше најавено дека тоа се прави само за да папата и Ватикан не влијаат за нарушување на односите меѓу православните цркви и воопшто , на православниот свет, кој и натаму е исполнет со длабока недовреба. Папата откако е избран, настојува да се избори за меѓурелигиско помирување и за единство ( не за соединување, како што некои тврдат) на католиците и православните христијани, пред се, затоа што и едните и другите веруваат во еден ист Господ.
Таа своја заложба, во македонскиот главен град тој не ја ниту спомена, за да не и попречи на битката за признавање на независноста ( автокефалноста) на МПЦ која кај нас е прогласена уште во 1967 година. Повеќе од половина век се настојува да се добие признавање на нашата религиска независност , но тоа се блокира поради националистичката и неканонска политика на Српската црква , која силно подржувана од Руската православна црква (РПЦ) , не дозволува Македонија да има своја независна црква , прифаќајќи само автономија , под капата на СПЦ. Уште пред признавањето на автокефолноста на украинската црква , во мај минатата година, премиерот Зоран Заев, испрати формално барање до Вселенската патријаршија за прифаќање на независноста на МПЦ, па сега останува да се види до каде може да оди Цариград , кога веќе го прифати украинското барање за црковна посебност.
Руската црква на српска страна
Руската црква се спротивстави и за тоа Бугарската црква да стане црква-мајка на МПЦ, за да евентуално, се забрза целиот процес. Софија на почетокот објави дека ќе го разгледа македонското барање, но по силниот притисок на Москва се повлече. Папата во една ваква атмосфера воопшто не сака да се вклучува во разрешување на еден ваков спор кој само зборува за состојбите во православието , во старата „ војна„ меѓу Москва која настојува со помош на РПЦ да се избори и за политичка контрола и доминација врз православниот свет и Вселенската патријаршија. Тоа се виде при прифаќањето на украинската автокефалност, кога РПЦ крајно грубо, нехристијански се нафрли врз Синодот во Цариград, а посебно врз вселенскиот патријарх.
Тогаш се покажа колку била погрешна и штетна ( за МПЦ) политиката на режимот на избеганиот поранешен премиер, кој во содејство со претседателот државата на заминување, од свои политички интереси, се определија за свртување кон Москва и РПЦ за да ( наводно) помагаат за разрешување на стариот – повеќе политички спор , отколку религиозен што го тера СПЦ уште од времето на екс Југославија, носена од тоа дека Македонија е „ само Стара Србија“ па во тој „ пакет“ треба да оди и македонската црква.
Истокот не сака единство
Овде доаѓаше „ министерот“ за надворешни работи на РПЦ , Хиларион , но бранејќи ја српската ( и руската ) позиција дека „ случајот со МПЦ може да се разреши само преку СПЦ и никако поинаку“ , што ќе рече така како што бара Белград . Тоа тогаш ништо не му значеше ниту на осудениот екс премиер, а ниту на шефот на државата, затоа што тие веќе работеа на свртувањето на курсот на државата, од оној стратешкиот- кон Западот и евроатланскиите интеграции- кон Истокот, служејќи им на московските глобални интереси, заедно со Србија , за контрола на Западен Балкан.
Тоа на некој начин се забележа и при посетатаа на Франциско на Бугарија, каде беше три дена пред да дојде во Скопје. Иако земјата е во ЕУ и НАТО, тамошната црква и натаму останува прилично конзервативна кога станува збор за врските со Ватикан и католицизмот. БПЦ и во новите геополитички услови на земјата , останува лојална на руската црква и на нејзиното спротивставување на градењето единство во христијанскиот свет , што го заговара папата Франциско.
Изговорот е дека би требало да се разрешат некои прастари состојбите , на некаков нов црковен собир, за да се надминале разликите за поделбата на црквата на Источна ( православна) и Западна ( католичка) извршена уште во 1054 година. Впечаток, е меѓутоа , дека работата е повеќе политичка и се крие во старото настојување на Москва да биде новиот религиски Цариград, односно , да биде центар на православието, што пак има корени во руското политичко, воено и стратегиско натпреварување со Западот-за превластот на Истокот – при што религијата е само изговор.
Изменета Македонија
Во Бугарија , папата се сретна со бугарскиот патријарх Неофит, но БПЦ одби да има заедничка литургија, или заедничка молитва со гостинот од Ватикан. Бугарската црква од порано објави дека Франциско ќе престојува во Бугарија како државник, на покана на бугарскиот државен врв, а не како поглавар на католиците.
Така се однесуваше и врвот на грчката православна црква во 2001 година, кога тогашниот папа Јован Павле Втори ( папа Војтила) направи исторско патување во Атина, првото по безмалку илјада години . Грчкото свештенство го осудуваше доаѓањето на еден римски папа и неговиот престој го третираше само како политичко патување, дело на тогашната грчка влада.
Во Скопје, затоа, папата Франциско кој беше мошне топло примен од граѓаните, без разлика дали беа верници – католици, или православни- или пак атеисти, затоа што историската посета на еден папа ја прифатија на вистинскиот начин. Како уште еден силен знак за една изменета Македонија и за нејзиното излегување од изолацијата во која ја постави претходната власт, која на секој начин ги газеше и ги погази токму христијанските вредности за кои гостинот од Ватикан зборуваше во Македонија.
(С.С.Г.)