Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Уапсен романскиот “премиер во сенка“

Partidul Social Democrat

Уапсен романскиот “премиер во сенка“

Романскиот политичар Ливиу Драгнеа, лидер на владејачката Социјалдемократска партија (ПСД), бил уапсен во Букурешт, откако Врховниот суд на земјата ја одбил неговата жалба и ја потврдил затворската казна од 3,5 години на која е осуден за корупција. Драгнеа (56) минатата година беше осуден затоа што им давал државна плата, на две активистки на неговата партија, иако двете биле лажно вработени и практично, ништо не работеле.

Според обвинителството, Драгнеа користејќи ја својата политичка позиција во владата успеал да издејствува лажни работни места за две жени во владината агенција за детска заштита.
Нему му беше судски забрането да биде премиер, иако беше лидер на партијата која победи на изборите, затоа што во 2016 година беше осуден за махинации околу изборното гласање.

Од тогаш, меѓутоа, за него во Букурешт велат дека дејствувал како премиер во сенка. Формално, тој не беше во премиерската фотеља, но сепак се тврди дека станал најсилниот и највлијателниот романски политичар. Домашните аналитичари тврдат дека токму тој досега ја има раководено владата, преку формалниот премиер што е именуван, по негов предлог. Се смета дека така е избрана и сегашната романска премиерка, која затоа што од јануари, до крајот на јуни годинава Романија претседава со ЕУ, е и претседавач на Унијата.

Во својата земја, затоа, тој е остро критикуван, но актуелната романска влада во овој период влезе во судир и со Брисел и со Европската комисија, поради инсистирањето на владата во Букурешт на контроверзните реформи во правосудниот систем на земјата, што според ЕУ може да ја доведат во прашање независноста на судовите.

Драгнеа се обвинува и за еден друг случај кој можеби е и најсериозно кривично дело- за формирање “криминална група специјализирана за да извлекува готовина (ари) од проектите на државата“. Тој самиот ги отфрла сите овие обвинувања, тврдејќи дека се “политички мотивирани“.

На годинешниве избори за Европскиот Парламент, ПСД го загуби првото место што го имаше освоено на изборите во 2014 година, сега добивајќи 23 отсто од гласовите. На изборите годинава победи опозициската Либерална партија, освојувајќи 26,8 отсто.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе