Поврзете се со нас

Skopje Global

Технологија

Хакирани податоците на 106 милиони луѓе

Brillianata/BigStock.com

Хакирани податоците на 106 милиони луѓе

Личните податоци на 100 милиони Американци и на околу шест милиони Канаѓани, сите клиенти на американската банка Capital One (Капитал Уан), биле украдени при продолжителен хакерски напад, што траел три месеци, пред да биде откриен и запрен.

Според соопштението на банката, било откриено дека “некој“, надвор од банката, имал недозволен пристап до мрежата со доверливи лични податоци на банката, преку која ги извлекувал. Со хакерскиот напад биле погодени оние клиенти кои дале податоци при апликацијата за добивање кредитни картички, како и оние на кои тоа веќе им било одобрено.

Банката уверува дека при овој напад, сепак, не биле украдени бројките на картичките, а ниту податоците кои клиентите ги давале за своите сметки. Не биле загрозени ниту бројките за социјалното осигурување кои во САД и во Канада се користат како што, кај нас, во Македонија се користи единствениот матичен број.

По откривањето на хакерскиот напад, интервенирала единицата за кибер-криминал на ФБИ (Федералното истражно биро) кое успеало да го лоцира, а потоа и да го уапси хакерот. Станува збор за жена, извесна Пејџ Томсон (33) од Сиетл, во сојузната американска држава Вашингтон. Таа работела во една од тамошните технолошки компании и при нападот го користела прекарот “ератична“.

Хакерскиот напад го изведувала во периодот меѓу 12 март и 17 јуни оваа година.

Истрагата што ја направила банката открила дека хакерката Томпсон ги хакирала имињата и адресите на живеење на нападнатите банкарски клиенти, потоа домашните поштански кодови, телефонските броеви, меил-адресите, датумите на раѓање и приходите пријавени во даночните служби.

Полициската интервенција и брзото апсење на хакерката, за која не се знае зашто ги крадела сите овие податоци, предизвика задоволство во дел од американската јавност, која се повеќе стравува за безбедноста на нивната приватност при работење на интернет, но и во разните институции, како банките, каде личните податоци би требало да се безбедни.

Откритието во Капитал Уан доаѓа по драконската казна од 5 милијарди долари за Фејсбук, затоа што знаел за украдените лични податоци на партнерската британска фирма „Кембриџ Аналитика“. Лондонските медиуми откриваат дека и покрај упорното демантирање, “Кембриџ Аналитика“, сепак, била инволвирана во кампањата за Брегзит и за „разводот“ на Британија со ЕУ, каде се верува дека завршиле украдените податоци.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Технологија

Горе