Поврзете се со нас

Skopje Global

Специјална војна на „Црната алијанса“

Едиторијал

Специјална војна на „Црната алијанса“

Bigstock.com

Специјална војна на „Црната алијанса“

Терминот “специјална војна” можеби делува малку застарено, зашто му припаѓа на едно друго време и на други услови во Европа. Време на поделена Европа на црвениот комунистички Исток и на синиот, демократски Запад. Кога источната страна ја промовираше својата доктрина – ако не си со нас, тогаш си против нас – казнувајќи ги „неверниците“ кои не се придржуваа до наметнатите канони од Москва и покренувајќи против нив специјална војна. Без употреба на оружје, но со силна пропаганда, со ширење лажни информации и со пласирање дезинформации, како и со подземно (разузнавачко) дејствување за внатрешно-политичка дестабилизација на непослушните.

На поранешна Југославија тоа и се случуваше многу често. Во еден момент, работите отидоа до таму што поранешното советско КГБ, секако, со одобрување на државно-партискиот врв на земјата, создаде илегална КПЈ (комунистичка партија) на некаква тајна конференција во Црна Гора, за да се дестабилизира државата и тогаш манифестираното југословенско единство. Набрзо пропадна таа работа, но остана предупредувањето дека големиот СССР може да направи се, доколку сака тоа да го стори.

„Црвот“ на национализмот

Денешнава ситуација е различна. Нема веќе ѕид во Берлин. Нема повеќе „црвени“ на една страна и „сини“ на другата. Европа е обединета како никогаш до сега, постои ЕУ, како сила против национализмот и тоталитаризмот на Стариот континент. „Браќата“ од комунистичкиот Исток после 45 години почнаа да  се враќаат во старото друштво на европските демократии, влегувајќи во членството на Унијата која ги поврза заедно, долго време поделените држави во Европа. Но, 15 години по тој историски момент, не може да се зборува дека нема поделби и дека континентот е единствен, како што се веруваше.

Во рамките на самата обединета Европа се вметна „црвот“ на национализмот, популизмот, на ултра-десничарењето и на желбата за авторитарано владеење. Сето тоа низ злоупотребата на демократијата и на правилата за игра на ЕУ. На друга страна, иако формално нема „Железна завеса“ и „Студена војна“, сепак,  на Истокот останува Русија, како наследник на поранешниот Советски Сојуз, со амбициите на Кремљ државата да биде светска сила и фактор за пазарење во меѓународната политика, како што тоа беше Москва, до падот на комунизмот.

Некаква коегзистенција на сега моќната ЕУ со Исткот постоеше, посебно во економијата, која им беше важна и на двете страни, но таа се растури, откако Украина посака да се поврзе со Западот на Европа, со Унијата на економски план, наместо да биде само руски сателит. На подршката што Киев ја доби тогаш од ЕУ, но и од САД, Москва одговори жестоко – со интервенција во Украина, анектирајќи го Крим и покренувајќи вооружен бунт во Донецк и Луганск, со што практично се расцепи украинската територија.

Одмаздата од Москва

На тоа, ЕУ (со САД) одговорија со воведување санкции против Русија, што беше и единственото што можеа да го нарават. Москва, пак, возврати во својот познат и препознатлив стил на дејствување од советско време- покрена специјална војна против ЕУ, за дестабилизација на Унијата, а посебно за нејзиното дотогашно единство.

Ги изнајде оние кои беа на маргините на европските општества- политичкото подземје на крајната десница, давајќи им подршка и пари за да се искачат до врвовите на западните (и новите источни) демократии, со цел да се шири евроскептицизам, да се растура (или барем да се ослабнува ЕУ, каква што е сега) и да се промовира или да се брани путиновата Русија, да се  рехабилитира за она што го направи во Украина и во Грузија, пред тоа, со распарчувањето и на оваа поранешна советска република.

Како пријатели на Москва наеднаш излега ултрадесничарите од италијанската партија Лига (порано позната како сепаратистичката Лига Норд, што заговараше отцепување на северна Италија) предводена од нејзниот лидер Матео Салвини. Тука спаѓа и Националниот фронт на Французинката Марин Ле Пен, чии националистички, расистички и антиевропски погледи и се познати на европската јавност, како и крајнодесничарската Слободарска партија во Австрија, словенечката крајна десница на поранешнит осуденик Јанез Јанша, кој ја издржа затворската казна и се врати во политиката, но и на низа помали европски ултраши, меѓу кои и унгарската долго време владеачка Фидес партија на Виктор Орбан.

Сојуз со ултрадесницата

За Салвини се знае дека е голем симпатизер на Владимир Путин и дека сака да носи маичка со неговиот лик, дури и сега како потпретседател на италијанската влада. Ле Пен често е гостин во Кремљ, а за неа, за Салвини и за австриските „Слобдарци“ постојат сомнежи дека примиле, или се договарале да примаат пари од Москва, за нвната мрачна работа за растурање на Европа, каква што сега ја има на континентот. Сите заедно се дел од т.н. ултра-десничарска „црна алијанса“ која е под закрила на оние кои војуваат против Унијата.

Во натамошната фаза, руската страна, притискајќи да се тргнат наметнатите санкции (што очигледно и се голем товар) и за да и се признае статусот што го имаше СССР- статус на голема сила- се сврте кон сите мали држави кои сакаат вистински да тргнат по европскиот пат- дестабилизирајќи ги од внатре.

Во Црна Гора, по нејзиното свртување кон Западот, уследи обид за пуч и велат план за убиство на политичкиот лидер Мило Ѓуканвиќ, означен како виновник за тоа што Москва го загуби единствениот излез на Јадранот. Во Албанија со создавање внатрешна криза при што  тамошната десница практично работи против државните интереси за добивање датум за преговори со ЕУ, по приемот во НАТО. А во Македонија преку дестабилизација на државата, со класичните методи на некогашната специјална војна, од времето на поделена Европа.

Во служба на туѓи интереси

Како орудие за таквата војна се користи националистичката партија на побегнатиот екс премиер, осуденик за криминал, која сега е сосема јасно, е дел од „црната алијанса“ на антиевропските и антизападните партии, чија цел е создавање тоталитарна власт, која се потпира на валкани и криминални пари.  Се што досега македонската ултра десница има направено во овие 2,5 години, откако ја загубија власта, е насочено против македонските државни интереси и стратегијата усвоена уште пред повеќе од 20 години, за членство во НАТО и за влез во ЕУ. Токму тоа им  одговара на нивните големи наредбодавачи, а затоа е направена и алијансата според принципот – еве ви ја вам Македонија, надвор од ЕУ/НАТО, а вие мене (на бегалецот) ќе ме оставите да владеам со земјата, апсолутистички, како да е таа мафијашка компанија.

Така се доаѓа и до серијата „афери и скандали“ што заеднички ги печатат странски тајни служби и домашната криминална и корумпирана опозиција, за да се дискредитира државата. Да се создаде слика дека таа не заслужува да биде дел од европските интеграции – но и да се дискредитира актуелниот премиер Зоран Заев и неговата влада, да се создаде криза во меѓунаципналните односи и да се дискредитираат виталните реформи во правосудството, посебно во Специјлното обвинителство и во ново јавно обвинителство.

Тоа според сценариото направено некаде надвор, треба да помогне за рехабилитација на недемократскиот, популистички режим на бегалецот кој се смести во Будимпешта, под закрила на Орбан (дали само негова ?), за  рехабилитација на неговото криминално работење, за да му се овозможи враќање во македонската политика, со блокада на европските определби и за да се изнудат предвремени избори. А кога има избори во Македонија, а и на Балканот, нема реформи, нема движење напред кон Европа, а може  да застане и процесот за интегрирање во НАТО.

Дискредитација на СЈО

Затоа ова криминално, немакедонско и антидржавно друштво “открива” афери, како онаа местенка со Драги Рашковски, за наводно наместен тендер. Веднаш потоа, следеше нова – осомничениот за криминал македонски милјардер Јордан Орце Камчев за кого се вели дека ја поседува половна Македонија, заедно со братучедот на избеганиот екс премиер, во својата раскошна вила ќе ја снима својата тајна средба со извесниот Бојан Јовановски, кого овдешните новинари нагалено сакаат да го викаат „Боки 13“ и на уште едно лице, исто така анонимус – Зоран Милевски, како им дава пари за да се спаси од апсот кој не му гине. Во тоа друштво, кое според сознанија на владеачката партија, се има среќавано и со сегашниот лидер на македонската опозиција, а се споменува и Специјалнто јавно обвинителство и досегашнит главен обвинител Катица Јанева.

Снимено е во февруари, но дури сега осомничениот Камчев и  го предава материјалот на својата партија, откако претхдно му се жали на премиерот Заев, бескрупулозно вовлекувајќи го во неговите лични и партиски криминални махинации.

Кој го снимал сето тоа, не се открива. Тоа не го открива ниту лицето кое пишуваше за Јовановски, уште пред биде уапсен, за да и се одмазди на актуелната власт, поради повредени лични интереси. Некои медиуми во Скопје, како и германски Дојче Веле, се сомневаат дека сето ова е спакувано во Будимпешта, во куќата на бегалецот под унгарска (веројатно и руска заштита). Но снимката од тајната камера, се појавува и во редакцијата на контроверзниот интернет весник во Италија “Ла Верита” или што би се рекло „Вистина“ (Правда на руски) .

„Масло“ на ултрадесницата

Зашто во Италија и во тамошен медиум, нема потреба да се прашува. Тоа гласило е под капата на локалните ултрадесничари, многу блиско до партијата Лига и нејзниот лидер Салвини. Во врска е и со македонската ултрадесница. „Верита“ е гласило кое навива за овдешните вмровци, објавува нивни ставови и позиции за македонските состојби, така како што ги гледаат  овдешните ултадесничари, а таму се појави и текст за „криминалот“ на Рашковски. Насловот беше “Скандал во Скопје, тендер за Леонардо – Циганите се како нас!” – илустриран со фотографија на премиерот Зоран Заев.

Не може да се каже чиј е насловот, кој истовремено е и расистички и фашистички, но скопските медиуми откриваат дека автор е Словенецот Ларис Гејсер, со италијански пасош, кој не е само новинар, ако воопшто е дел од новинрската професија, туку е и претседаел на Паневропското движење во Словенија. Во европската централа на организацијата сместен е и поранешниот советник на избеганиот екс премиер, Андреј Лепавцов, кого тој го има наградено со амбасадорска функција и тоа во Брисел. Тој Гејсер, сега, се заканува дека поседува уште материјали за пуштање од централата што го снабдува, како и дека ќе продолжи со објавување.

Засега нема (барем јавно) сознание кој плаќа за оваа специјална војна против Македонија, но колку за потсетување – по падот на претходниот вмровски режим, една унгарска фирма, чиј сопственик е бизнисмен близок до Орбан, ги купи сите медиуми на оваа партија. Таа унгарска фирма таква операција има изведено и во Словенија, со изданијата на крајната десница. Но ниту таму, како ни овде, никој не успеа да стапи во контакт со наводниот „издавач“. Нивната мисија беше и остана да се дискредитира новата власт во Македонија, да се криминализира и обезвредни сето она што го прави сегашниот премиер и да се растури неговата продемократска  и прозападна ориентација. Целта е единствена – да се казни што спречи да продолжи владеењето на избеганиот екс премиер, кој пак и овозможуваше на Москва, покрај Србија, да ја има под своја контрола и Македонија. Нешто што инаку луѓето со подолго паметење го знаат од времето на специјалните војни од минатото.

Спектејтор

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Едиторијал

Горе