Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Барање за одземање титулите на Хари и Меган!?

Office of the Governor-General of New Zealand

Барање за одземање титулите на Хари и Меган!?

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл се соочуваат со заканата (!?) од одземање на нивните ројалистички титули – војвода и војвотка од Сасекс. За ова треба да расправа Советот на Брајтон (град на јужниот британски брег) и административен центар на англиската област Сасекс.

Повод за расправата што е закажана за 24 октомври, е кампањата што ова лето ја има покренато група антиројалисти и петицијата што ја имаат потпишано над 1700 граѓани. Според прописите на Советот, расправа за некоја петиција потекната од јавноста се отвора секогаш доколку се соберат барем 1250 потписи.

„Морално погрешно“

Во петицијата се бара од Советот на Брајтон да се согласи дека кралските титули не треба да се споменуваат во нивните службени документи, затоа што „ тие се целосно недемократски и претставуваат симбол на угнетување на јавноста од богатата елита“. Со петицијата се бара одземање на титулите на Хари и на Меган кој се венчаа во Виндзор, во мај минатата година, а веќе неколку месеци имаат и син, а од Советот се бара „ да не ги повикува и да не ги прима на гости“.

Во грубо интонираната петиција, во која Хари и Меган се ословуваат како „индивидуалци“ се тврди дека тие не смее да ги користат титулите војвода и војвотка од Сасекс, бидејќи титулите се „морално погрешни и претставуваат непочитување на областа Сасекс“, пишува лондонскиот таблоид „Дејли Меил“, додавајќи дека водачите на кампањата против Хари и Меган инсистираат дека треба да им се забрани (!) да се нарекуваат Сасекси.

Советот на Брајтон има право да расправа – по поднесената петиција – но нема право и овластување да им ги одземе титулите кои им ги има доделено кралицата Елизабета Втора, бабата на Хари.

Продолжена кампања

Вториот син на престолонаследникот Чарлс, од бракот со починатата принцеза Дијана, кој е шестиот по ред претенденти за британскиот престол, стана војвода од Сасекс, како младоженец кога и ја доби највисоката титула што може да ја добие. Неговиот постар брат принцот Вилијам, при венчавката со Кетрин (Кејт) Мидлтон исто така беше овенчан со војводска титула. Тој и неговата сопруга ги добија титулите војвода и војвотка од Кембриџ.

Преку венчавката со Хари, поранешната американска актерка Меган Маркл, која е родена во расно мешовит брак, стана првата во историјата војвотка од Сасекс. Нејзиниот сопруг е првиот војвода од Сасекс по 175 години и вториот во англиската и британската историја што ја носи таа титула. Тој исто така има и една ирска и една шкотска титула, која по силата на бракот, сега ги има и неговата сопруга.

Расправата во Советот на Брајтон, иако не може ништо да предизвика, претставува продолжување на кампањата што во дел од британската јавност, со помош на лондонските таблоиди, се води против Хари и неговата сопруга.

Таа почна уште додека таа беше бремена и се сведе на расна основа, на што војводата од Сасекс остро реагираше, а продолжи со обвинувањето за „дволичност“ откако тој и Меган патуваа на два пати со приватниот авион на Елтон Џон, во неговата вила во Јужна Франција.

Критиката во овој случај беше затоа што користел приватен млазен авион кој е поголем загадувач од големите летала, а на друга страна постојано агитира за чист воздух и за спасување на Земјата од загаденоста.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе