Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Род Стјуарт „се излечил“ од рак на простата

Debby Wong/BigStock.com

Род Стјуарт „се излечил“ од рак на простата

Британската музичка ѕвезда Род Стјуарт соопшти дека лекарите “ целосно го излечиле“ откако кај него било дијагностицирано дека боледува од рак на простатата.

“За ова никој досега не знаеше, но мислам дека сега е момент да им соопштам на сите. Сега сум исчистен (од канцерот), но само затоа што лекувањето го почнав веднаш по откривањето на болеста, кога таа беше во најраната фаза. Од тогаш направив многу прегледи, проверки и тестови“ – рекол Стјуарт на една свечена приредба, организирана за прибирање средства за лекувањето на оваа „машка“ болест.

Кај Род Стјуарт (75) пред две години било откриено дека боледува од оваа болест, но до сегашното признание дека е излекуван, пејачот ја држел во тајност болеста и терапијата на која бил изложен.

При откривањето дека се лекувал, покрај него, освен сопругата Пени Ланкастер бил и неговиот другар, гитаристот Рони Вуд со кога едно време заедно свиреа во некогашната рок група „Фејсис“. Вуд исто така се има лекувано и излекувано од рак на белите дробови.

Околу 50 илјади мажи во Велика Британија, секоја година, заболуваат од рак на простатата, а над 11 илјади умираат.

Болеста се нарекува “машка“ затоа што од неа заболуваат само мажите.

Според Род Стјуарт, најважна е раната дијагноза, затоа што само така може да се спречи развојот на болеста. “Изгледа дека јас сум еден таков среќник“ – рекол пејачот. Тој им препорачува на сите мажи, на возраст, меѓу 50 и 70 години, редовно да одат на контрола и да ги вршат основните тестови, дури и без да имаат упат од лекарот. Па дури и тогаш кога ги немаат симптомите по кои се препознава болеста, а кои сите се поврзани со мокрењето.

Лекарите утврдиле дека во ризичната група возрасни мажи спаѓаат сите кои ќе наполнат 50 години, потоа оние кои веќе имале случаи на заболен близок роднина, како и црнечкото машко население.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе