Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Три милиони бегалци можат да се вратат во Сирија

BalkansCat/Bigstock.com

Три милиони бегалци можат да се вратат во Сирија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека околу три милиони бегалци од Сирија, кои сега се привремено сместени во Турција, би можеле да се вратат назад, во својата земја и да живеат во безбедносната зона, на сирискиот север.

Зоната за која зборува Ердоган е веќе воспоставена, во соработка со САД, па таа би требало само да се прошири, за да може да одговара за намената што ја споменува турскиот претседател. Особено што сириските курдски единици кои Вашингтон ги подржува и воено и политички, претходно, се имаат повлечено подлабоко на сириската територија од самата турска граница на која тие беа стационирани.

Улогата на Курдите

Овие единици кои, практично, имаа главна улога во пресметката и елиминацијата на џихадистите од Исламска држава, за официјална Анкара и понатаму се „ непријатели“ и се третираат како  „терористи“, исто онака како што се сметаат и припадниците на вооружените Курди од сепаратистичката Курдска работичка партија (ПКК) . Турската страна тврди дека сириските Курди распоредени покрај сириско-турската граница, каде инаку живее курдското население во Сирија и припадниците на вооружените формации на ПКК, од Турција, се меѓусебно поврзани и дека делуваат заеднички.

Како и да е, Курдите треба да одиграат важна улога во овој план на Ердоган, на тој начин што треба да го прифатат. Но тоа, според познавачите на состојбите во регионот, е малку веројатно, па се очекува водството на сириските Курди да го отфрли предлогот на претседателот на Турција.

Изјавата на Ердоган доаѓа по уште една тројна средба на претседателите на Турција, Русија и Иран, во турскиот главен град- Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рухани – посветена на ситуацијата во Сирија, во која сите три земји се директно- политички и воено- инволвирани.

Пари за безбедносната зона

Турскиот предлог за враќање во Сирија на околу три милиони Сиријци кои се пребегнати во соседна Турција, како последица на сириската граѓанска војна, која трае уште од пролета 2011 година, е нешто сосема ново и различно од последната порака  од Анкара за Западот. Ердоган претходно и се закани на ЕУ дека (одново) ќе ги отвори вратите и ќе пушти кон Европа нов бран од бегалци, доколку не уследи „ поголема меѓународна поддршка за безбедносните зони на северот од Сирија“.

Меѓутоа, десетици илјади бегалци во ова меѓувреме, ја преминаа сириско-турската граница , бегајќи од провинцијата Идлиб во северозападна Сирија, што инаку е под контрола на бунтовниците кои ги подржува Анкара и на џихадистите.

Во 2016 година, по големиот наплив бегалци од Сирија, но и од Ирак и Средниот Исток, кои преку територијата на Турција се движеа кон Европа, официјална Анкара и Брисел се договорија за европска помош од шест милијарди евра, за издржување на бегалците на турската територија. Анкара сега тврди дека ЕУ има исполнето само половина од тој договор, односно дека турската страна има примено нешто над три милијарди евра.

Курдските борци од силите кои ги подржува и помага САД, држат безмалку една третина од сириската територија, почнувајќи од градот Манбиџ, на крајниот север, покрај сириско-турската граница, па се до тромеѓето меѓу Турција, Сирија и Иран, на истокот од земјата, а од таму на исток и југоисток,  до половината од сириско-ирачката граница.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе