Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

БоЏо „побегна“ од прес конферeнција

Five-Birds Photography/Bigstock.com

БоЏо „побегна“ од прес конферeнција

БоЏо, како што лондонските таблоиди, повремено, го нарекуваат британскиот премиер Борис Џонсон, користејќи ги само првите две букви од неговото име и презиме, престојуваше во ЕУ и во Луксембург, каде имаше средби со претседателот на Европската комисија во заминување, Жан Клод Јункер, со главниот преговарач за Брегзит на Унијата, францускиот дипломат Мишел Барније и со луксембуршкиот премиер Хавиер Бетел.

Единствената тема на сите разговори беше британското излегување од ЕУ, што надвор од сите очекувања непредвидено се оддолжи, во хаотична атмосфера во Велика Британија, што не и доликува на една правно уредена и стабилна држава каква што е Обединетото кралство.

Брегзит на Халовин?

Главното прашање сега е дали воопшто Британците ќе си заминат од Унијата, по 46 години членство, на крајниот рок –  31 октомври, на полноќ, во ноќта на Халовин. Или пак датумот за Брегзит уште еднаш ќе биде поместен, за уште три, или шест месеци. Дали тоа заминување ќе се изведе правно уредено, со договор, или пак без дил со Брисел, како што тоа го заговараат тврдите брегзитери кои, инаку, ги предводи актуелниот британски премиер.

Некогаш популарниот БоЏо ( како градоначалник на Лондон) упорно ја уверува домашната јавност дека Британија од 1 ноември нема да биде членка на ЕУ- со договор, или без него- продолжувајќи да тврди дека договор, сепак,  ќе има и со него ќе се заокружи процесот на Брегзит. Тоа значи дека се уште верува оти може да има нов и поинаков договор од оној што го постигна Тереза Меј во ноември 2018 година, кој ЕУ го ратификува , но не и Британија, чии пратеници, на три пати, одбиваа да го прифатат. Главната пречка е одредбата Бек стоп, со која се регулира прашањето на границата меѓу Ирска и Северна Ирска.

Во меѓувреме, пратениците на британската опозиција, конечно, разбраа дека излегувањето без договор најмногу и штети на Британија, значи воведување цврста граница меѓу двете ирски територии на поделениот остров и го доведува во прашање историскиот мировен договор од Велики петок, од април 1998 година.

Во ЕУ нема оптимизам

Здружената опозиција, подржани од 22 „бунтовници“ од редовите на конзервативците кои се свртеа против сопствената влада и нејзиниот премиер, прво, за да спречат Брегзит без договор, а потоа по забрзана постапка донесоа закон според кој владата мора , уште еднаш да го одложи излегувањето од ЕУ, доколку нема договор- оној на Меј, или нов. А, за него би требало да се преговара, пред да биде постигнат и со него да се согласат сите 27 земји членки , како и да се прифати во Парламентот во Лондон.

Сите се согласуваат дека за тоа нема ни време, ни услови, а ни волја на Европејците, за нови преговори со Лондон, кога еден договор за Брегзит веќе постои, безмалку една година, н Џонсон не само што тврди дека „ има време за се“ туку според лондонските весници, навестува дека би можел да не го почитува донесениот закон и да ја изнесе државата од ЕУ, ез договор на 31 октомври, како што тоа им го има ветено на неговите истомисленици.

Со таков товар, БоЏо беше во Луксембург и како што можеше и да се очекува замина од таму без видливи знаци и навестувања дека работите се движат напред и дека на 45 денови пред Халовин ( Ноќта на вештерките) Британците ќе се повлечат од Европа, на своите британски острови, со правно регулиран договор. Барније во кусата изјава рече дека не е оптимист дека ќе може нешто да се постигне, а луксембуршкиот премиер Бетел беше уште по директен, порачувајќи им на Џонсон и на владата во Лондон дека „ на ЕУ и се потребни повеќе од зборови, за да Брегзит биде комплетиран на 31 октомври“.

„Заложник на партиски цели“

Тврдите зборови на Бетел кои покажуваат дека Унијата се уште нема примено конкретни предлози за некакви измени и дополнувања на постоечкиот договор за Брегзит, а посебно во делот за Бек стоп, изговорени на прес конференцијата во Луксембург, меѓутоа,  се загубија во зачудувачката и досега не забележана постапка на еден британски премиер- да не се појави на заедничката конференција со својот домаќин!

Според британската делегација, Џонсон се повлекол затоа што на локацијата за прес конференцијата на двајцата премиери, имало толпа гласни и мошне критични демонстранти кои го исфиркале Британецот уште додека доаѓал на разговорот со Бетел. Така, се случи Луксембуржанецот да зборува сам и наместо на Џонсон да и се обраќа на празната говорница, предвидена за гостинот.

Бетел на говорницата на која требаше да биде БоЏо и „ рекол“ дека „ не може иднината да биде заложник на партиските цели“, мислејќи на десницата во Конзервативната партија во Британија и на нејзината антиевропска и анти-ЕУ политика.

Тој уште забележал дека британскиот премиер ја држи иднината на своите граѓани во свои раце, па затоа  сега само негова е одговорноста да се направи пробив во застојот и да се дојде до решение. Конечно,  Бетел порача дека никој не треба да ја обвинува ЕУ за сето ова, објаснувајќи дека одлуката за Брегзит не е на ЕУ, туку британска.

Прес со празната говорница

Дел од лондонските весници остро ја осудија постапката на британскиот премиер, нарекувајќи го неговото „ бегство“ од прес конференцијата како „ кукавичлук“ и страв да се соочи со оние кои имаат спротивно мислење од неговото.

Даунинг стрит 10, меѓутоа, се обидува да се оправда дека британската страна барала прес конференција во затворена просторија, а не пред владината зграда во Луксембург, затоа што според неа, немало услови за регуларна прес конференција. Домаќините, пак, тврдат дека тие немаат толку голема сала за да ги прими сите заинтересирани новинари и притоа откриваат дека Британците сугерирале прес конференција со одбрани новинари.

БоЏо, пак, го повика Би-Би-Си и во интервју за овој британски јавен сервис објасни што би кажал на прес конференција од која побегна.

Прво, дека е охрабрен што ЕУ сака да се заврши со одолговлекувањето на Брегзит и да се прејде на следната фаза- преговори за трговски договор меѓу двете страни, како и дека ЕУ има желба да се ангажира за да се спречи Брегзит без договор. Можеби е така, но тоа е работа која се подразбира, а ова е време кога треба да се расправа за конкретни предлози и да се трага по компромис, што од Лондон и натаму отсуствува.

(Г.И.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе