Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Сара четири пати го преплива Ламанш- за 54 часови !

encrier/Bigstock.com

Сара четири пати го преплива Ламанш- за 54 часови !

Американката Сара Томас (37) е првата жена и маратонец во историјата на пливањето, која четири пати го препливала Ламанш , без одмор и без запирање, за да доплива до Довер, на британската страна од Каналот, после повеќе од 54 часови непрекинато пливање!

Томас која е од американската сојузна држава Колорадо, пред една година го има завршено лекувањето од рак на женски гради, па својот извонреден  историски, спортски и човечки подвиг го има посветено на сите оние кои успеала да ја победат болеста и да останат живи.

Маратонката исплива 209 км

Според планираното, Томас требало да исплива 80 милји, или околу 129 км. Но тие кои биле со неа во текот на пливањето тврдат дека таа има испливано дури 130 милји, или 209 км, затоа што морските струи и можните плима и осека, по кои е познат овој морски пат, ја одвлекувале кон запад и далеку од патеката што ја имала исцртано пред да влезе во морските води и да го започне својот подвиг.

Стартот бил на британскиот брег, во англиската област Кент, од каде допливала до Франција, кај Кале. Од таму тргнала назад, втор пат препливувајќи го Ламанш. Потоа уште еднаш пливала од британскиот до францускиот брег, за да рекордот го заврши со последната, четвртата делница, од Франција до Британија, пристигнувајќи на целта во англиското пристаниште Довер, после безмалку 2,5 деноноќија поминати во студените и со силни  морски струи води на каналот Ламанш.

„Не верував дека ќе успеам во ова“- изјавила за медиумите  Томас откако во Довер излегла од водата. Најголем проблем при пливањето не и била температурата на водата, на што обично се жалат најголемиот број од маратонците, туку тоа што морето постојано ја „ туркало“подалеку од патеката , на која постојано морала да се враќа, како и нападите на медузите кои целосно и го имаат „изедено“ лицето.

Солената вода- главен проблем

„ Најмногу сепак ме измачи солената вода, која ми ги „ расекуваше“ грлото, а потоа и устата и јазикот кој ми изгледа како да ми е распарчен“- им рекла на новинарите Томас, порачувајќи дека после ова постигнување само сака убаво да се изнаспие.

Нејзината мајка која ја следела во текот на пливањето, во шега има речено дека нејзината ќерка е „ малку откачена“ но дека ова што го постигна е неверојатно постигнување.

Сара Томас со маратонско пливање се занимава од 2007 година. Пред ова Ламанш го има два пати препливано- еднаш во 2012, а вториот пат четири години подоцна. Во 2017 година, има препливано 104 милји, во водите на езерото Шамплеин, на американско-канадската граница. Но прекинала со спортувањето кога, веднаш потоа и ја откриле тешката болест. Лекарите сега тврдат дека долгото ливање било составен дел од нејзината терапија во текот на лекувањето.

Само тројца пливачи , досега, се имаат опробано во долгото препливување на Ламанш, но сите тројца го препливале Каналот трипати , без прекин.

(Д.Л.)

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе