Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Нови обвинувања за принцот Ендрју

Thorne1983/CC 3.0 https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Prince_Andrew_at_the_National_Memorial_Arboretum.jpg

Нови обвинувања за принцот Ендрју

Британскиот принц Ендрју, вториот син на кралицата Елизабета, одново е обвинет дека бил дел од аферата со сексуална злоупотреба на неполнолетни девојки од пред 20 години, за која во САД на два пати беше затворан милијардерот Џефри Епстајн.

По второто апсење, чекајќи да биде изведен на суд, Епстајн на 18 август се обеси во затворот во Њујорк. Тој беше обвинуван за трговија со млади девојки кои требало сексуално да опслужуваат богати и угледни клиенти.

Принцот кој сега има 59 години, го обвинуваат дека е еден од тие клиенти, па дека затоа „ би требало да одговара исто онака, како што одговараше, сега починатиот Епстајн“.

Во интервју за американската телевизиска компанија Ен-Би-Си, Вирџинија Робертс која сега има 37 години, тврди дека со Ендрју на три пати имала сексуален однос, кога била малолетна, на возраст од 17 години.

„Прави се што треба“

Првиот пат тоа се случило во куќата Максвел во Лондон, откако претходно со принцот била во еден лондонски ноќен клуб, каде танцувала со него и пиела.

„Едно утро ми рекоа дека ќе одам да се сретнам со еден принц. Во тој момент не знаев дека ќе му бидам продадена на принцот“

…рекла во интервјуто Робертс, девојката која е фотографирана во прегратка со Ендрју во станот каде се одвивала средбата.

Таа објаснува дека по бурната ноќ низ локалите во лондонскиот елитен кварт Мејфеар, на која биле и госпоѓата Максвел и Епстајн, милијардерот и рекол – „сега ќе се вратите во куќата и ќе направиш се што треба“.

Вирџинија Робертс е една од 16-те млади жени кои обвинуваат дека биле сексуално злоупотребувани, од Епстајн и целото негово друштво.

За него се знае дека би пријател со британскиот принц. Ендрју, пак, тврди дека се знаел со него од 1999 година, но дека се среќавале мошне ретко.

Последен пат, принцот и американскиот милијардер се сретнале во 2010 година во Њујорк, по неговото излегување од затвор, за првото обвинување од пред повеќе од десетина години.

Деманти од принцот

Од таа средба има фотографија, како двајцата се шетаат низ њујоршкиот Централ Парк, за што принцот, сега признава дека направил грешка што воопшто прифатил да се види со Американецот.

Ендрју, меѓутоа, одново категорично демантира дека имал „ било каков сексуален контакт, или дека имало било каков однос“ со жената која го обвинува. Според принцот, секое вакво тврдење е „ лажно и без основа“.

Американските медиуми тврдат дека обвинување има и за госпоѓата Максвел (57), инаку поранешна девојка на Џефри Епстајн, за тоа дека била дел од сексуалниот „бизнис“ на милијардерот, во кој таа обезбедувала, како што се вели, барем по три девојки секој ден, за посебно одбраните клиенти. Таа сето тоа го отфрла и инсистира дека е невина.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе