Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Белорусија не сака руски бази

mathes/Bigstock.com

Белорусија не сака руски бази

Официјална Москва не го крие своето незадоволство поради одбивањето на Белорусија да дозволи руска база на нејзината територија. Станува збор за изненадувачки редок случај на несогласување межу двете соседни земји, затоа што властите во Минск важат за едни од најблиските и најлојалните сојузници на Русија.

Двете земји, обете републики во поранешниот Советски Сојуз, сега се членки на симболичната Заедница на независни држави, а според странските медиуми, Москва и Минск веќе подолго време преговараат за нивна подлабока интеграција. Но, откако белоруската страна не се согласи со уредувањето руска воено- воздухопловна база на нејзината територија, односите се чини се спуштени на најниско ниво по крајот на „ жстудената војна“ и распадот на СССР.

Тампон зона

Белорусија уште во советско време, меѓу тогашните републики, важеше за најсиромашна со суровини, а и сега како независна држава од Русија обезбедува енергија по нереално ниски цени и добива поволни зајмови.

Но и покрај таквата зависност од Москва, во Минск сепак во одредени кругови се стравува  дека Русија веќе има преголемо влијание во земјата. Дури и државното водство стравува дека би можело да биде загрозен суверенитетот на Белорусија.

Базата за која станува збор и околу која избувна првата голема криза во односите меѓу двата соседа треба да биде за стационирање на 27 воени, борбени авиони од типот „ Сухој-27“. На руските воени стратези лоцирањето воздухопловна база на белоруска територија им е големо значење, затоа што оваа поранешна советска република, сега е поставена како своевидна „ тампон зона“ меѓу Русија и балтичките држави, каде е сместен НАТО, затоа што сите три се членки на Северноатланската алијанса.

Официјален Минск, меѓутоа, не го сака тоа и не сака да го прифати таквиот свој статус, за кој се смета дека не и обезбедува никакви безбедносни гаранции.

Продлабочување на интеграцијата

Идејата за воена база во Белорусија, во Русија се појави во 2015 година, по забрзаното влошување на односите на Западот со Москва и воведените санкции, по анексијата на полуостровот Крим и воената интервенција во Источна Украина, каде сега има две, практично, отцепени области Донецк и Луганск, врз кои украинските власти немаат никаква контрола, како и по военото вклучување на руската армија во Сирија.

Од тогаш, Белорусија и Русија преговараат за базата, но и за поголемата интеграција на двете држави. Во Минск, очигледно, сега се стравува дека тоа би можело да доведе до некаква „ тивка“ анексија на земјата во големата руска федерација.

Кризата во односите меѓу двете земји јавно , на прес конференција, ја има потврдено и рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров. Одбивањето да прифати руска база, засега, никој не ја поврзува со можното стратешко префрлање на Белорусија и на нејзиниот „ вечен“ претседател Александар Лукашенко, но откривањето криза во односите, кога се дискутира за продлабочување  на нивната интеграција, доаѓа по неодамнешната посета на доскорешниот американски советник за национална безбедност Џон Болтон, кој е првиот висок функционер на САД што ја посетил оваа држава по многу години од распадот на некогашен СССР.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе