Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Деми Мур против Ештон Кучер

Photo Works/BigStock.com

Деми Мур против Ештон Кучер

Американската актерка Деми Мур предизвика контроверзни реакции во јавноста во САД и бројни текстови во тамошните медиуми со својата мемоарска книга во која открива досега непознати детали од својот живот и својата приватност.

Најголема врева и најмногу написи и полемика имаат предизвикано деловите од книгата во која таа се пресметува со својот поранешен сопруг, младиот актер Ештон Кучер.

Во мемоарите, Мур го обвинува Кучер дека бил неверен во бракот и дека, практично, ја измамувал со секоја жена која тие, како брачна двојка, би ја запознале! Таа сега тврди дека бракот, сепак, се распаднал затоа што младиот сопруг попаднал под силниот притисок на јавноста за разликата во годините меѓу сопружниците.

Мур и Кучер се венчаа во 2005 година, на големо изненадување на Холивуд и тамошните озборувачки весници и новински колумни, затоа што невестата беше 15 години постара од младоженецот. Се разведоа во 2011 откако беа во брак шест, а заедно осум години. Во книгата таа признава дека пропаѓањето на бракот и предизвикало сериозна болка и дека била несреќна.

Кучер кој сега е оженет за популарната актерка Мила Кунис (велат) бил изненаден од постапката на Мур и од она што за него и за нивниот брак го има напишано неговата поранешна сопруга. Но, се изјаснил дека не сака да влегува во јавна расправија со Мур, или пак да се брани и да демантира и објаснува детали од нивниот некогашен заеднички живот.

Медиумите се поделија околу книгата, но впечаток е дека повеќето ја критикуваат Деми Мур.

Блиски пријатели на Ештон и на Мила тврдат дека тие обајцата не сакаат ваков публицитет и очекуваат што е можно побрзо да помине бурата околу мемоарската книга на Мур, како и тоа дека се противат на копање по минатото.

„Деми Мур е позната дека секогаш била затворена кога станува збор за чување на приватноста, па затоа и нејзината вака направена книга претставува изненадување“

…рекол за медиумите извор близок до двојката Кучер-Кунис.

Актерката Мур, од своја страна, во едно телевизиско интервју открила дека се надевала оти ќе се види со нејзиниот поранешен сопруг, пред книгата да се појави пред читателите, но до тоа не дошло. Во изјава за угледниот њујоршки весник “Вол Стрит Џорнал“ таа рекла дека со книгата немала никаков интерес било кого (од споменатите) да ги прикажува како лоши момчиња.

Јавна поддршка во сегашната ситуација во која се најде актерката има добиено од својот екс сопруг, Брус Вилис кој со својата сегашна сопруга присуствувал на приемот по повод промоцијата на книгата.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе