Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Од Антарктик се „откачија“ 315 милијарди тони мраз

Marco Ramerini/BigStock.com

Од Антарктик се „откачија“ 315 милијарди тони мраз

Санта мраз, за која се проценува дека е тешка околу 315 милијарди тони, се откачи од ледениот континент – Антарктикот, но научниците веруваат дека ова не е последица на климатските промени.

Површината на сантата изнесува 1,5 квадратни километри, а нејзината длабочина се смета дека изнесува 210 метри. Научниците предупредуваат дека сега ќе мора да се следи нејзиното однесување, а посебно каде и како ќе се движи, затоа што таа голема маса мраз би можела да стане опасна за пловидбата.

Сантата се откачила од големата плоча мраз, позната како „Амери“ на Антарктикот.

Но, ова е прво поголемо откачување на санта, после случајот регистриран во раните шеесетти години на 20 век, кога сантата што тогаш се откачила од истата оваа плоча, била голема дури девет илјади квадратни километри.

Според објаснувањето на експертите плочата за која станува збор е пловечко продолжение на бројните леденици кои од копното се спуштаат кон морето. Научниците, затоа, објаснуваат дека знаеле за оваа појава и го очекувале откачувањето на сантата мраз, затоа што станува збор за природен процес.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе