Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Русите пијат помалку и живеат подолго

E-Furor Production/Bigstock.com

Русите пијат помалку и живеат подолго

Потрошувачката на алкохол во Русија меѓу 2003 и 2016 година се намалила дури за 43 отсто, соопшти Светската здравствена организација (WHO), објаснувајќи дека тоа има придонесено за зголемување на животниот век на тамошното население.

Русија и Русите кои според оваа организација се сметаа за најголемите корисници на алкохол во светот, како директна последица од прекумерното пиење, во деведесетите години на 20 век се соочуваа со раст на умрените и со демографска криза, која избувна набрзо по распадот на поранешниот Советски Сојуз.

Според Светската здравствена организација, ситуацијата во Русија, сега е драстично изменета, а последниве години сите поранешни негативни трендови, одат во обратна насока- пред се, намаленото пиење на Русите помогна за подобрување на демографската ситуација во нивната земја. Во 2018 година, просечниот животен век во државата има постигнато ( за неа) рекордно високо ниво- Русинките сега просечно живеат 78 , додека мажите 68 години.

Животниот век кај мажите во Русија и натаму е понизок од европскиот просек, посебно од оној кај западните држави, но за оваа земја тоа е голем напредок и силно подобрување, затоа што во деведестите години на минатиот век, Русите просечно живееја само 57 години.

Преголемата употреба на алкохолот, а пред се, на водката, направена од се што може да се прави алкохол, прв се обиде да ја запре и пиењето да го стави под контрола, поранешниот советски лидер Михаил Горбачов.

Во рамките на својата политика на перестројка во општеството и гласност во политиката, тој покрена широка кампања за ограничување на пиењето и практично воведе своевидна  „прохибиција“ во последните години на Советскиот Сојуз. Делумно успеа со својата политика, но распадот на комунизмот и на СССР ги врати назад работите.

Во почетокот на овој век, од 2000 година, владата во Москва, меѓутоа,  се обиде одново да го блокира прекумерното пиење.

Владата на премиерот Медведев покрај кампањата да се пие помалку, зашто алкохолот ги убива луѓето, донесе и забрана за купување алкохолни пијалоци по 23 часот, забрани реклами за пијалоци и над се, значително ја зголеми нивната цена. Експертите сметаат дека тоа има многу помогнато да се запре масовниот алкохолизам во Русија и  да се запре демографската криза во оваа голема земја.

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе