Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Тинејџерка загина од експлозија на „мобилка“

weerapad/Bigstock.com

Тинејџерка загина од експлозија на „мобилка“

Една 14 годишна тинејџерка од Казахстан починала откако експлодирал нејзиниот мобилен телефон.

Трагичниот инцидент се случил додека девојката спиела, а „мобилката“ која била покрај перницата во креветот на тинејџерката, останала вклучена во струја, за да се наполни батеријата. Следното утро, нејзините родители го откриле нејзиното мртво тело, покрај остатоците од телефонот и експлодираната батерија.

Според наодите на казахстанската полиција, 14 годишната Алуа Асеткизи Абзалбеле , заспала покрај мобилниот телефон , слушајќи музика. Истрагата утврдила дека телефонот се полнел целата ноќ, вклучен во струја, а форензичарите заклучиле дека експлозијата се случила во раните утрински часови.

Според нивното мислење, телефонот, односно неговата батерија, експлодирала поради прегреаност од долгото полнење.

Полицијата го оквалификувала случајот како несреќа. Тинејџерката починала на самото место како последица на тешки повреди на главата.

Властите во Казахстан не откриваат кој е производител на „ мобилката“ што уби една 14 годишна девојка.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе